Триумф на гевгелискиот надежен и многунаградуван тенисер, Александар Грујиќ на турнирот „Tennis Europe“ во конкуренција на U16 – освоен пехар за прво место во двојки.
Победата ја освои заедно со својот тениски партнер Кристијан Стефанов со кој завршија на победничкиот пиедестал.
Грујиќ и Стефанов во финалето со 2-0 во сетови (6:3, 6:2) ги совладаа вторите носители Стефан Мојсејев од Србија и Диого Филепе Силва Ордоњо од Португалија.

Претходно во полуфинале остварија победа против Давид Грабул од Македонија и Задиг Добринине од Франција со 2-0 во сетови (6:3, 7:5), додека во четвртфиналето беа поуспешни од Лука Кировски (Македонија) и Лука Глуцк (Германија) со 2-0 во сетови (6:3, 6:2).
Најтешко до победата стигнаа во мечот од второто коло кога со 2-1 во сетови (4:6 7:6, 10:3 на поени) ги победија Матијас Гетинг и Аурелиус Херц од Германија.

Александар и Кристијан на меѓународниот тениски турнир „Tennis Europe U16“ победија јуниорски тенисери од 5 Европски земји: од Србија, Португалија, Франција, Германија и Македонија.
Ова е нивна четврта заедничка меѓународна потврда дека се најдобри јуниори во тениски двојки и заслужени носители на победничкиот пехар.
