Денеска е последниот ден од зимското сметање на времето, ама на Југот од Македонија ниту зима има, ниту се помислува на зимското време.
Овде веќе се чувствува мирисот на топлиот југ:
Полни очи милина, полна душа ширина, природата дарила, а ние го уживаме југот со ладно цедено витаминско освежување и топол ароматизиран напиток – покана за муабет, прикажување, другарување на сонцето.
Ајде на дружба со 25-ката Целзиусова!
Југот денеска се капи во сонце, а Дојран нестрпливо Ве очекува и со својата магија Ве кани на сончевата крајезерска убавина!
