ОВР Гевгелија јавува за еден непријатен случај – пронајден мртов маж во својот дом.
Во полицискиот извештај е наведено дека вчера, четврток, на 07.08.2025 во 11:20 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во домот во Гевгелија бил пронајден починат И.Г.(45) од Гевгелија.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија.