Денешниот полициски билтен известува за три непријатни случаи: таксист од Гевгелија е физички нападнат и ограбен после укажаната услуга, а во куќа во с.Мрзенци бил пронајден починат средновечен маж, пронајдени мигрнти на раскрсница Ѓавото.
Таксистот кој го пријавил физичкото насилство е И.Л.(66) од Гевгелија.
Тој на 09.08.2025 во 14:10 часот во СВР Струмица, пријавил дека околу 16:00 часот на работното место како такси возач, од Гевгелија до с.Градско Балдовци, струмичко, превезол четири патници, од кои двајца мажи, една жена и едно дете, а откако пристигнале, бил физички нападнат од двете машки лица, кои му одзеле пари и два мобилни телефони. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.08.2025 во 23:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во куќа во с.Мрзенци, гевгелиско, бил пронајден починат С.К.(45) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Третиот случај е за спречен нелегален премин на мигранти.
Денеска (10.08.2025) во 00:40 часот кај место викано „Раскрсница Ѓавато“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ забележале патничко возило „Фоксваген Пасат“ со радовишки регистарски ознаки во кое биле превезувани мигранти. Откако ги забележал полициските службеници возачот го запрел возилото и го напуштил местото. При преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти на возраст од 15 до 39 години, од кои девет од Египет и еден од Сирија. По наредба на јавен обвинител, мигрантите биле пренесени во Транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка, а увид извршила екипа од Одделение за прекуграничен криминал, миграции странци и реадмисија Гевгелија. Се работи на расчистување на случајот.