Регионалниот пат Гевгелија-Богданци повторно станал авто-писта за нелегално превезување на мигранти
Денеска (24.08.2025) во 00:30 часот на регионален пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија Пат“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица“ забележале патничко возило „Мерцедес“ со француски национални ознаки, во кое се превезувало мигранти и кое не застанало на знак за запирање даден од полициските службеници.
Набргу, возилото запрело, по што возачот го напуштил местото, а при преглед во возилото биле пронајдени 15 лица-мигранти, од кои 12 од Египет и три од Сирија.
Лицата биле предадени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“, Гевгелија.
Од МВР известуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Инаку, криумчарењето мигранти е казниво според Кривичниот законик на Р.С.Македонија, за сторителите е предвидена казна од најмалку 4 до најмногу 10 години затвор. Предметите и превозните средства употребени за извршување на делото се одземаат. Возилото „Мерцедес“ значи дека е запленето, а се трага по сторителот за да одговара за делото.