Денес се празнува Успение на Пресвета Богородица, Богомајката Марија. Во сите православни црковни храмови се изведува празнична утрена и Свечена литургија, па и во гевгелиските цркви и манастири.
Мајката Божја, после чистиот овоземски живот, е единствена жена во историјата на човештвото која го добила епитетот Пресвета, бидејќи низ смртта преминала во вечен живот како и нејзиниот син Исус Христос.
Денот на нејзиното успение народот го празнува како Голема Богородица Се смета за заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството. Затоа се посетуваат храмовите со нејзино име и црквите каде пред нејзините икони се принесуваат дарови за здравје, за рожба, за среќен семеен живот.
Светол ден за сите со милоста на Богородица!
Честит именден за сите кои го носат нејзиното благородно име: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана…
Фото: Црковен храм „Св.Кирил и Методиј“ Гевгелија при денешното чествување


Во манастирот “Св. Спас” во Гевгелија положена плаштаницата на Пресвета Богородица за поклонение на сите што сакаат да и оддадат почит на Богородица.
За многу години милоста на Богородица!