петок, 12, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Министерот за култура Зоран Љутков во посета на Гевгелија и Дојран

Тој ги посети Старата Гевгелиска чаршија и Музејот во Ст.Дојран и за општините од југот најави инвестиции за заштита на културното наследство и развој на културниот туризам

септември 12, 2025
in ФОКУС
Министерот за култура Зоран Љутков во посета на Гевгелија и Дојран
0
SHARES
113
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со стручниот тим од Заводот и музеј – Струмица, денеска реализираше работна посета на општините Гевгелија и Дојран со цел увид во тековни и планирани проекти од областа на културата и културното наследство.

Во рамките на посетата на Гевгелија, беше извршен увид во реализацијата на проектот за целосна реконструкција на Старата чаршија, заштитено културно наследство од XIX век. Вредноста на инвестицијата изнесува над 40 милиони денари, а проектот опфаќа:
· реставрација на фасадите на старите дуќани,
· поплочување со гранит,
· поставување нова урбана опрема и осветлување,
· целосна реконструкција на подземната инфраструктура.

Related posts

Бранко и Самир доброволно за природата, граѓаните солидарно за доброволците

Бранко и Самир доброволно за природата, граѓаните солидарно за доброволците

септември 10, 2025
Физичко насилство во Богданци

Физичко насилство во Богданци

септември 8, 2025

– „Со завршувањето на проектот, чаршијата ќе ја задржи својата автентичност, а истовремено ќе се трансформира во современо културно-туристичко јадро, привлечно за жителите и посетителите“ – истакна министерот Љутков.

Стара гевгелиска чаршија, во тек се реставрационите изведби

Вечер, во рамките на посетата, министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе присуствува на фестивалот „Вкуси го југот“, кој се одржува трета година по ред во градот на југот.
Гевгелија како носител на намифестацијата „Град на културата за 2025“, постепено се етаблира како центар на културни настани, фестивали и манифестации, кои значајно придонесуваат за развојот на локалната економија, туризмот и културниот живот во регионот.

Црква „Свети Илија“ Стар Дојран

Во Стар Дојран беше извршен увид во црквата „Св. Илија“, значаен објект од 19 век со висока историска, архитектонска и духовна вредност. Министерството најавува продолжување на активностите за конзервација и реставрација на овој објект, кој претставува симбол на духовното и културното наследство на регионот.

Министерот за култура З.Љутков во посета на Музејот во Стар Дојран

Особено внимание оваа година е посветено на капиталниот проект за изградба на музеј на вода, преку реконструкција на праисториска наколна населба во Дојранското Езеро. Во тек се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мрдаја, додека основниот проект за изградба на музејот се очекува да започне во 2026 година. Идејниот проект е изработен од Заводот и музеј – Струмица.

Музејот, кој ќе биде поставен директно на површината на езерото, ќе функционира како „жив музеј на отворено“, со висока едукативна и туристичка вредност. Со ваквиот пристап, Дојран добива можност да се позиционира како водечка дестинација за културен и археолошки туризам во поширокиот регион.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Наталија Данаилова со „Бело утро“ освои ДВЕ награди на „Охрид фест 2025“

Next Post

Јован, најмалиот гевгелиски планинар се искачи на Кораб (2.764 мнв)

Next Post
Јован, најмалиот гевгелиски планинар се искачи на Кораб (2.764 мнв)

Јован, најмалиот гевгелиски планинар се искачи на Кораб (2.764 мнв)

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје

ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје

4 месеци ago
Гевгелиската средношколка Ивана Грујиќ – Државен првак во тенис за 2024

Гевгелиската средношколка Ивана Грујиќ – Државен првак во тенис за 2024

1 година ago
Цветен дочек на ГП „Богородица“ кај Гевгелија

Цветен дочек на ГП „Богородица“ кај Гевгелија

2 месеци ago
Послепразнични колони за враќање дома

Послепразнични колони за враќање дома

5 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Јован, најмалиот гевгелиски планинар се искачи на Кораб (2.764 мнв)
  • Министерот за култура Зоран Љутков во посета на Гевгелија и Дојран
  • ВИДЕО: Наталија Данаилова со „Бело утро“ освои ДВЕ награди на „Охрид фест 2025“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Јован, најмалиот гевгелиски планинар се искачи на Кораб (2.764 мнв)

Јован, најмалиот гевгелиски планинар се искачи на Кораб (2.764 мнв)

септември 12, 2025
Министерот за култура Зоран Љутков во посета на Гевгелија и Дојран

Министерот за култура Зоран Љутков во посета на Гевгелија и Дојран

септември 12, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist