Гевгеличнката Ана Брзанова, позната по моделинг и повеќе освоени титули за убавина, годинава ја понесе титулата четврта придружничка на „Мис туризам Универзум 2025“. На овој избор кој се одржа во Бејрут, главниот град на Либан, минатата недела Ана ја претставуваше Македонија како носител на титулата „Мiss turism Universe“ за 2025.
Таа минатата недела беше учесник во Институтот за убавина „Noha Moawad“ каде заедно со другите претставнички на „Мис Универзум“ од повеќе светски земји учеа за женската убавина.
– „Бевме среќни што се сретнавме во институтот, каде што имав можност да ги запознаам сите учеснички на „Мис Универзум 2025“ една по една. Ова ми помогна подобро да ги разберам нивните избори и ќе ми ја олесни улогата подоцна како дел од жирито. Исто така, споделивме прекрасен разговор за тоа што ја прави женската убавина единствена во секоја земја“ велат од Ноха Мовард институтот.
Ова е ВИДЕО направено при престојот и сесиите во Институтот – ЛИНК.
Ана не е дебитант на пистите за убавина, има искуство и самоувереност кои се адут плус во настапите од ваков ранг. Таа има 25 години, висока е 184 cm, што ја прави забележителна на пистата.
Честитки Ана!