Овој месец 25 годишната менаџерка по бизнис и финасии, долгогодишен модел и чест претставник на Македонија на светските писти за избор на убавина, Ана Брзанова од Гевгелија ја понесе 11-та титула на убавина на изборот „Мiss tourism Universe 2025“ и беше крунисана за Четврта придружничка на убавицата од изборот „Мiss tourism Universe 2025“.
До сега таа има учествувано на 11 избори на убавина во својата кратка кариера од 6 години и секаде каде што настапува остава силен впечаток и забележителен настап. Тоа ја направи носителка на 11 титули на убавина како претставничка на Македонија, а од меѓународните настапи понела уште 5 титули, што ја прави најкрунисувана убавица од Гевгелија.
До сега долгоногата Ана настапувала како МИС на Македонија на следниве меѓународни избори за убавина и секаде ја носела лентата на Македонија, на светските избори, каде со својот шарм била крунисувана и за Мис, и за придружничка на главната убавица:
– Miss Balkan (Miss Makedonija 2021)
– Тop model of the World (титула „Најдобар модел во свечена тоалета)
– The Miss Globe
– Super Model Universe (Прва придружничка) одржан во Софија 2022 г.
– Miss Aura International
– Miss Earth
– Miss Europe (титула „Miss Friendship“), избор во Бејрут 2022 год.
– World Next Top Model (7-ма придружничка)
– World Miss University
– Miss Euroasia ( финалист)
– „Мiss tourism Universe 2025“ – (Четврта придружничка).


Честитки Ана!
Нека те водат успесите и’ понатаму, и на модните писти, и на меѓународните избори за убавина, и во животот!

