Кратко траело патешествието на средновечен валандовчанец кој украл автомобил од гевгелиско село, во возел низ Гевгелија, но полицијата го запрела, го притворила и сега се соочува со осдоворност за две казниви дела, по кривична и прекршочна пријава.
На 17.03.2026 во 11:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.У.(52) од Валандово. Тој се сомничи дека во периодот од 10:30 до 11:00 часот од дворно место сопственост на Ј.К.(70) од село Прдејци, гевгелиско, го одзел неговото патничко возило „Фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки.
По преземени мерки, возилото е запрено во Гевгелија и по преземени мерки е констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на настанот против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.
П.С.
До нашата редакција со реакција се обрати оштетениот од с.Прдејци:
„Имено јас сум Јован Костадиновски (61) а крадецот Миро Учурганов. И не е притворен се шета слободно, а имаше и обид за убиство од негова страна бидејки жена ми го видела како го краде возилото и излегува пред него да го застани, а тој додава гас и продолжува.“
Побаравме изјава и од ОВР Гевгелија. Тие велат дека украденото патничко возило е пронајдено и вратено на сопственикот. Кадецот ќе се соочи со две кривични дека: и за кражба, и за непоседување возачка дозвола кое е казниво по КЗ, како и за „безобзирно управување со возило во сообраќајот“.


















