Kарванот за вработување на брендот „ЛИДЛ“ по втор пат годинава ја посетува Гевгелија.
На отворен штанд во просторот на “МЕГА Шопинг Парк” тимот на “ЛИДЛ” денес е на располагање на сите заинтересирани да станат дел од големото семејство вработени во оваа меѓународна бредн компанија со ланец маркети низ Светот, а наскоро и во Гевгелија.
Штандот е отворен од 12:00 часот се’ до 20:00 чадот и ќе биде дел од фестивалот “TASTE the SOUTH”, значи забава, вкусови на југот и можност за вработување, се’ на едно место, во кругот на “MEGA”.
Бидете слободни, прашајте ги лицата од #TeamLidl за се’ што Ве интересира: работа, позиција, кариерен напредок, стручни обуки, плата… тимот е на Ваше располагање овој ден. А тие што ќе одлучат да се приклучат на тимот на “LIDL” можат и на лице место да поднесат апликација со помош на работните асистенти.
СРЕЌНО! 🍀



















