Тринаесет годишниот ученик во ООУ „Петар Мусев“ од Богданци, Максим Ангов на трката на 5 километри во Прилеп, на спортскиот настан „Че трчаме“ оствари време од 17:43 минути и го освои високото 11-то место во сениорска конкуренција, за мажи.
Ова е спортски подвиг на тинејџерот од Богданци, станувајќи најдобар меѓу своите врсници, побрз од 651 сениор на трката кои останаа зад него, од сите 662 натпреварувачи на трасата од 5 километри.

Максим не е ново победничко име на атлетските патеки во Македонија, тој победувал и на „November Run“ во Гевгелија, на атлетски настани во Грција, Србија и соседството. Тој е редовен освојувач на подиуми во спортските натпревари со својот клуб АК „7 Ноември“ Гевгелија.
Викендов, на 18 октомври во Прилеп, освои уште еден трофеј, заедно со Ѓорге Папучиев (13 г.) и нивниот тренер Тоше Анчев тимски освоија ТРЕТО место на традиционалната трка „Че трчаме“ во Прилеп, на траса од 5 km.

Ѓорге Папучиев трасата од 5 км ја истрча со време од 18:59 минути и го освои 17-то место.
Тоше Анчев, кој трчаше 5км во конкуренција мажи сениори оствари време од 20:08 минути и заедно со Максим и Ѓорге се искачија на подиумот за ТРЕТО тимски најдобро време на трасата од 00:56:51 минути.
Максим, Ѓорге и Ана Бегова, која во Прилеп освои ТРЕТО место во женска конкуренција сениори на 5 км, се членови на „Школата за атлетика“ при АК „7 Ноември“ Гевгелија. Тренерите Семенаков и Анчев се горди на нивните достигнувања:
- „Со многу труд, дисциплина и љубов кон атлетиката, чекор по чекор ги градиме идните шампиони!“ – вели Семенаков.
Им честитаме и им посакуваме уште многу нови победи!






















