Прогнозите се остварија, започнаа интензивни дождови насекаде во државата.
Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 18,4 литри водена маса на 1 метар квадратен. Поинтензивни беа вчерашните врнежи со регистрирани 13,0 литри дожд на 1м2 за првите 12 часа од почетокот на дождовите на последниот ден од октомври.
Најмногу дожд изминатото деноноќие наврна во Струмица 25,3 л/м2, потоа во Виница 23,9; следува Демир Капија со наврнати 20,3 л/м2, Штип 18,6; Крива Паланка 18,5; Претор 15,4; Прилеп 10,4 литри водена маса на 1м2.
Прогнозата за денес е непроменлива од почетокот на денот – дожд и пак дожд:
– „Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец“ – соопштува УХМР.



















