Пациент со рак на белите дробови во Велика Британија стана еден од првите кои учествуваа во револуционерното испитување за првата вакцина против оваа болест во светот, објави Euronews.com.
Докторите започнаа со тестирање на првата вакцина против рак на белите дробови. Експертите го поздравуваат потенцијалот на вакцината да спаси илјадници жители.
Ракот на белите дробови е водечка причина за смртност од рак во светот, одговорен за околу 1,8 милиони смртни случаи годишно. Стапките на преживување кај пациентите во кои болеста достигнала напредна фаза, односно кај оние кај кои туморите се прошириле, се многу ниски, наведува Гардијан.
Сега експертите тестираат нова вакцина, која го насочува телото да трага и да ги убие клетките на рак, а потоа и да спречи нивно повторно формирање. Вакцината е позната како BNT116 и е направена од компанијата BioNTech.
Првата фаза од клиничкото испитување на луѓе е започната на 34 истражувачки центри во седум земји: Велика Британија, САД, Германија, Унгарија, Полска, Шпанија и Турција.
Во Велика Британија вакцината се администрира на шест локации во Англија и Велс, а првиот пациент таму ја примил првата доза во вторникот, пишува Гардијан.
Вкупно, околу 130 пациенти – од рана фаза пред операција или радиотерапија, до доцна фаза на болеста ќе бидат внесени да ја примат вакцината заедно со имунотерапија.
Вакцината е со mRNA технологија, слично како вакцините против КОВИД-19 и делува така што имунолошкиот систем го запознава со тумор маркерите од NSCLC за да го подготви телото да се бори против клетките на ракот кои ги изразуваат овие маркери, пишува Гардијан.
Целта е да се зајакне имунолошкиот одговор против ракот, а притоа да не се оштетуваат здравите клетки, како што е случајот со хемотерапијата.
- „Сега влегуваме во ова многу возбудливо ново време на клинички испитувања засновани на mRNA имунотерапијата за да го истражиме лечењето на ракот на белите дробови“ вели професор Сиов Минг Ли, онколог во Универзитетскиот колеџ во лондонската болница, која го води истражувањето во Велика Британија.
„Едноставено е за спроведување и може да изберете специфични антигени во клетките на рак, а потоа да ги целите нив. Оваа технологија е следна фаза од лечењето на ракот“ додава тој.
Јануш Рач е 67 годишен научник од Лондон и првиот човек кој во Велика Британија ја примил ова експериментална вакцина.
На него му е дијагностициран рак на белите дробови во мај и веднаш потоа започнал со хемотерапија и радиотерапија. Рач, кој е специјализиран за вештачка интелигенција, рече дека неговата професија го инспирирала да учествува во судењето. „Јас сум и научник и разбирам дека напредокот на науката, особено во медицината, лежи во тоа што луѓето се согласуваат да бидат вклучени во такви истражувања“, вели тој.
Рач додава дека ова е корисно за него, бидејќи се лечи со технологија која не е достапна за останатите пациенти и која ќе му помогне полесно да се ослободи од ракот, а истовремено ќе му помогне и на тимот да ја докаже ефикасноста на оваа методолгија, со цел побрзо да започне да се применува низ целиот свет.
Тој во вторникот примил шест инјекции, во интервал од пет минути. Секоја инекција содржела различни RNK нишки. Тој ќе прима вакцини секоја недела во текот на шест последователни недели, а потоа на секои три недели во текот на 54 недели.
Лекарите велат дека се надеваат дека оваа терапија ќе го спречи повторното појавување на ракот, бидејќи кај многу пациенти со карционом на белите дробови, дури и по операциите и здрачењето, ракот се враќа.