Денеска, во местото Гуменица, Република Грција се одржа Петтата по ред „Ноќна трка“ на која покрај учесници од меѓународен ранг настапија и гевгелиски атлетичари од Атлетскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија.
Шестмина учесници освоија ПЕТ ПОДИУМИ, 4-ри ПРВИ места, 1-но ВТОРО место и едно ЧЕТВРТО место.
Сите се закитија со медали за учество и во најдобро светло ја претставија атлетската сила на Гевгелија.
Настапија:
1. Прошевски Дарко – траса од 10,34 километри – четврто место (категорија, мажи 40/50 со време од 00:50:01);
2. Влатко Семенаков – траса од 5,15 км – ВТОРО место, генерален пласман, со време од 19 минути и 49 секунди, (за 56 sec. побавен од првиот на трката);
3. Горан Семенаков – Детска трка 1,1 км – ПРВО место (категорија 7-8 години возраст);
4. Костадин Семенаков – Детска трка 1,1 км – ПРВО место (категорија 5-6 години);
5. Томче Петков – Детска трка 1,1 км – ПРВО место (категорија 9-10 години)
6. Антонио Каракабаков – Детска трка 1,1 км -ПРВО место (категорија 11 до 12 години).
Тимот на АК „7 Ноември“ беше единствениот атлетски тим од Македонија, од нашата Гевгелија кој зеде учество на оваа ноќна трка и ги собра трофеите на организаторите од Гуменица за освоените подиуми, за првитеосвоени четири места и освоеното второ место.
Стартот беше еуфоричен и бучен за сите кои тргнуваа во тркачката авантура.
Нa целта беа поздравени нашите најдобри натпреварувачи, со извикот „Браво за Гевгелија!“ Meдалот при влегувањето на целта во видеото го добива Дарко Прошев кој стаса со 9-то време во генерален пласман, а 4-ти во својата категорија.
Ќе ја пофалиме младата атлетска сила на Гевгелија од „Школата за атлетичари“ при АК „7 Номеври“ што ја раководат спортските работници и самите спортисти, Тоше Анчев и Влатко Семенаков.
Од 4-цата деца натпреварувачи кои настапија на детската трка во Гуменица сите четворица освоија ПРВО место во својата возрасна категорија и се стекнаа со златен медал. Ова значи 100% реализација на терен на младите спортисти, 100% усвоени техники на трчање, тренинг, дисциплина и резултати кои се остваруваат на терен.
Браво за Горан, Костадин, Томче и Антонио – новата атлетска надеж и сила на Гевгелија!
Честитки за останатите учесници и постигнатото на тркачката траса во меѓународна конкуренција на атлетичари на ноќната трка во Гуменица, Грција!
БРАВО за АТЛЕТСКА Гевгелија!