Црвениот крст на Македонија заклучно со 10 февруари на своите донаторски сметки за помош на погоденото население од замјотресот во Турција и Сирија има обезбедено 16.095.831 денари парична помош од хуманитарните граѓани, а со договорите со правни лица и компании таа помош изнесува над 25 милиони денари, или околу 400.000 евра, изјави претседателот на ЦК на РСМ, Саити.
Овие средства по завршување на кампањата ќе бидат префрлени на Турската Црвена полумесечина и Сириската Арапска Црвена полумесечина кои на најдобар можен начин ќе ги покријат потребите на населението.
Борбата за помош на настраданите и семејствата без дом продолжува, така што Црвениот Крст ги проширува своите донаторски акции и со организирано собирање на материјални добра за помош на населението погодено од земјотресот во Турција и Сирија,
Црвениот крст на РСМ во изминатите неколку дена постојано ја следеше состојбата со настаните кои се случуваа по катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија, и навремено согласно препораките ги креираше активностите за помош и поддршка на погоденото население.
Првичните активности беа концетрирани кон собирање на хуманитарна помош во вид на финасиски средства, со цел наједноставен и брз начин за помош на погоденото население во загрозените подрачја.
Дополнително, правините субјекти и физичките лица освен финансиска помош МОЖАТ ДА ДОНИРААТ И МАТЕРИЈАЛНИ ДОБРА согласно ПРИЛОЖЕНАТА ЛИСТА на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина:
1. Зимски семејни шатори
2. Ќебиња
3. Греалки на струја/плин
4. Церада (постилка за на земја)
5. Церада (зимска)
6. Вреќи за спиење
7. Столици на расклопување (се претвора во кревет)
8. Креветчиња на расклопување
9. Фенер на соларно напојување
10. Кујнски сетови
11. Храна и средства за хигиена (според стандардите за хуманитарна помош).
- Задолжително сите донирани артикли да бидат НОВИ
- (приоритет – зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња).
Граѓаните од Гевгелија, Богданци и Дојран, како и околните места НАВРЕМЕНО ЌЕ БИДАТ ИЗВЕСТЕНИ ЗА СОБИРНИОТ ПУНКТ И МОЖНОСТА ДА ДАДАТ СВОЈ ПРИДОНЕС ВО ПОДДРШКАТА НА ПОГОДЕНИТЕ ЗЕМЈИ.
Ги повикуваме граѓаните совесно и одговорно да почитуваат овие препораки со цел ефикасно, навремено и безбедно да биде обезбедена и доставена материјалната хуманитарна помош, – порачуваат од Црвениот Крст на Македонија.