петок, 6, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Давидовчани најсложни и најбројни во заедничкото славење на Стара Нова Година и Василица

Жителите на с.Давидово, гевгелиско се пример за заедништво и чувство на колективитет со одржувањето на традицијата на организирање традиционален заеднички дочек на Старата Нова Година и Василица во благословените простории на манастирот „Свети Илија“

јануари 14, 2025
in ФОКУС
Давидовчани најсложни и најбројни во заедничкото славење на Стара Нова Година и Василица
0
SHARES
1.5k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Жителите на с.Давидово, гевгелиско се пример за заедништво и чувство на колективитет со одржувањето на традицијата на организирање традиционален заеднички дочек на Старата Нова Година и Василица во благословените простории на манастирот „Свети Илија“.

Иако сместено селото на надморска височина од 95 метри и со снежно опкружување во целата давидовска околија тие и годинава се собраа и организираа да подготват заедничка вечера за сите добредојдени жители од селото по повод Старата Нова Година и празникот Василица со традиционално кршење на лепче со паричка.

Related posts

Приведен гевгеличанец, пронајдена дрога

Приведен гевгеличанец, пронајдена дрога

јуни 5, 2025
Двајца средношколци од Гевгелија освоија ТРИ награди на литературни натпревари на ДМЈЛ

Двајца средношколци од Гевгелија освоија ТРИ награди на литературни натпревари на ДМЈЛ

јуни 5, 2025
Заедничка празнична вечера за жителите на Давидово

Оваа традиција постарите ја организирале со семејни собирања, но новите генерации тоа го направиле со сенародно собирање и послужување на празничен ручек, вечера и истото ревносно и со мерак самостојно го исполнуваат веќе 30 години по ред. Местото на оваа заедничко дружење и празнично служење се манастирските простории на „Св.Илија“, прекрасен манастир сместен на височинка во близина на селото Давидово.

Манастир „Св.Илија“ с.Давидово, општина Гевгелија

– „Не знаеме како започнала оваа традиција, од постарите сме чуле дека се собрале 3 до 4 луѓе, отишле на манастирот и спонтано се договориле заеднички жителите да го прослават празникот и така започнала оваа традиција. Кршењето лепче е симболиката на заедничката вечера, да се подели среќа секому со парче од заедничката погача, а тој на кој што ќе му се падне паричката ќе биде кум за следната година. Оваа година среќникот ни’ е Стојанчо Андонов, жител на село Давидово“ – изјави за GevgelijaNet Катерина Костадинова.

Стојанчо Андонов – среќникот со паричката и новиот кум за Василица 2026 во Давидово

– „Кумот организара вкусна храна за секој жител и гостин на нашето село таа ноќ. Но, голема улога има и целиот црковен одбор за топлиот престој на чело со Атанас Танчев, заради тоа што мора да постои некој што ќе не’ води. Како жители на село Давидово сите сме вклучени во обновубање и задржување на убавините што ги имаме во нашето село“ – додава во разговорот на оваа заедничка традиција на давидовчани, нашата втора соговорничка, Илинка Илиевска.

Во подготовките помагаат сите, во сецкањето на месото, зеленчукот, салатите, чистењето на манастирската трпеза, кујна, а главниот готвач ја регулира сета вкусотија која ќе ја пробаат сите.

Доброволни помошници во кулинарските подготовки за Василица

– „Имаме готвачи кои доброволно се пријавуваат да зготват вкусна храна. Особено се истакнува улогата на баба Елица, која со својата готварска вештина е главната готвачка за оваа голема прилика. Покрај неа, тука е и нејзината ќерка Тодорка Спасова со својата фамилија кои активно се вклучуваат во подготовките и помагаат во организацијата, правејќи го празникот уште поубав и позначаен за сите. За храната и пијалокот што го имаме во неизмерни количини се погрижува црковниот одбор и жители што сакаат да ни’ помогнат доброволно“ – вели Катерина.

Главната готвачка Елица сите вештини ги подготвува со ќерка и’ Тодорка Спасова

Но не само ноќта за Стара Нова година. Давидовчани се пофалија дека оваа навика на заедничко славење ја практикуваат и за големиот празник Илинден, по името на нивниот светец заштитник, именосецот на манастирот „Свети Илија“.

– „Нашето село блеска и за празникот Илинден. Тогаш манастирот „Св. Илија“ станува центар на собирање и духовна радост за сите жители на селото и посетители од други краишта. Во овој ден, манастирот се претвора во место на молитва, солидарност и заедничка работа, каде секој дава свој придонес во создавање на празничната атмосфера“ – додава Илинка.

Убавина која плени, манастирскиот комплекс „Свети Илија“ со својата грандиозност и благослов, с.Давидово

Црковниот одбор ја презема организацијата на целиот настан, а заедно со жителите, кои се претвараат во доброволен работен персонал, се спроведуваат различни подготовки и активности.

Благослв за заедничкиот празничен ручек од отец Петар Петрушев

– „Некои од нас се задолжени за подготовка и делба на храната, други за делба на освежителни пијалаци, некои помагаат во продажбата на свеќи, други околу продавање дар, икони. Кога работиме и помагаме на манастирот, времето како да не постои. Секој миг исполнет со труд и посветеност поминува без да го забележиме.Среќните лица на сите присутни, љубовта која ја делиме, и свесноста дека правиме нешто значајно за заедницата, ни’ го исполнуваат секој момент со непроценлива вредност. Точно во тие моменти, за нас не постои тежина, туку само светлина и радост што одекнува од сите страни“ велат нашите соговорнички од Давидово.

Подготовки за празничниот ручек по повод Илинден – помошници во манастирот се жителите на Давидово

Уште еднаш ќе заклучиме дека давидовчани се најорганизираните жители и сограѓани кои ја прават најбројната празнична прослава во општина Гевгелија, доброволна и драга зошто секој вложил нешто со својот труд создавајќи колектино заедништво кое што зближува.

Браво за давидовчани!
СРЕЌНА Стара Нова Година!
СРЕЌНА Василица!

Мирна Василичарска ноќ во Давидово- панорамски поглед од дворот на манастирот „Св. Илија“, светецот заштитник на селото
ShareTweetShareSend
Previous Post

Гевгеличани ја дочекаа Стара Нова Година, ја одбележаа и традиционалната Сурва!

Next Post

Благица Ступар од Дојран е ново засилување за ЖРК „Астибо“-Штип

Next Post
Благица Ступар од Дојран е ново засилување за ЖРК „Астибо“-Штип

Благица Ступар од Дојран е ново засилување за ЖРК „Астибо“-Штип

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Новоизграденото МЕТРО во СОЛУН конечно се отвара за граѓаните

ВИДЕО: Новоизграденото МЕТРО во СОЛУН конечно се отвара за граѓаните

6 месеци ago
Гевгелиски „Партизан“ славеше победа над Овче Поле

Гевгелиски „Партизан“ славеше победа над Овче Поле

2 години ago
Гевгелија во мај ќе биде центарот на хуманоста и доброволната Прва помош

Гевгелија во мај ќе биде центарот на хуманоста и доброволната Прва помош

2 месеци ago
Средношколци од Гевгелија освоија 5-то место на Државно првенство во пинг-понг

Средношколци од Гевгелија освоија 5-то место на Државно првенство во пинг-понг

6 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Приведен гевгеличанец, пронајдена дрога
  • ЕХФ донесе одлука: ПЕХАРОТ оди во рацете на АЛКАЛОИД
  • Двајца средношколци од Гевгелија освоија ТРИ награди на литературни натпревари на ДМЈЛ

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Приведен гевгеличанец, пронајдена дрога

Приведен гевгеличанец, пронајдена дрога

јуни 5, 2025
ЕХФ донесе одлука: ПЕХАРОТ оди во рацете на АЛКАЛОИД

ЕХФ донесе одлука: ПЕХАРОТ оди во рацете на АЛКАЛОИД

јуни 5, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist