Партизан од Гевгелија ја оствари 5-та победа во тековната сезона.
Гевгелиските ракометари вчера славеа победа на гостување во Скопје, кај истоимената екипа со резултат од 36:30. Ова е натпревар во рамките на 16-то коло од прволигашката конкуренција.
Екипата Скопје, кој ќе игра во плеј-оф сегментот, го загуби натпреварот уште во првиот дел кога гостите од Гевгелија заминаа на пауза со предност од 17:12.
Предводник во победничката екипа беше Илија Пејковски со осум погодоци, седум додаде Горан Лисичков, а шест запиша Јован Гетов.
Кај поразениот тим од Скопје се истакна Tео Радуловиќ со шест гола, а Дион Земон, Андреј Кочески и Теодор Кочовски имаа по четири реализации.
Во рамките на оваа сезона РК „Партизан“ постигна победа над „Текстилец“ со резултат 35:33 (20:14), потоа над РК „Металург“ на гостување со резултат 33:35.
Инаку, екипата на „Мулти Есенс“ дојде до 9-ти сезонски триумф, откако славеше против Металург РА со десет гола разлика, 29:19.