Синоќа, за време на јавниот собир посветен за жртвите од опожарената дискотека во Кочани, во градот Струга осамна трансапарент поставен на мостот на реката Црн Дрим, а неговата содржина беше испишана на македонски и албански јазик:
„Сите сме криви за прегратките што фалет“ стои во натписот поставен на мостот во Струга, напишан на охридско-струшки дијалект.
Со ова и стружани искажуваат сплотеност, заедништво и сочуствуваат со болката на блиските од настраданите млади, загинати во несреќата во Кочани.
Трагичната загуба во Кочани погоди многумина, со тага и жал, со сочувство и грутка јад во душата како оставивме пропусти во државата кои од небрежност, не исполнување на законските барања, од коруптивни цели да се изостават безбедносните мерки и да се остави младите да страдаат, да гинат. Загуба ненадоместлива.
Фалат 59 млади животи, фалат 59 прегратки со семејствата, со саканите, фалат 59 сестри, браќа, другари, насмевки кои згаснаа, прегратки кои одлетаа. Премногу фалат и болат!