понеделник, 30, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Иле Гоцевски, возачот на Итната помош во Кочани, постхумно ќе биде одликуван

Хуманото срце кое не издржа од шокот по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, возачот на Итната медицинска помош од Кочанската болница, Иле Гоцевски (42) ќе биде постхумно одликуван, кажа министерот за здравство, Таравари

март 20, 2025
in MАКЕДОНИЈА
Иле Гоцевски, возачот на Итната помош во Кочани, постхумно ќе биде одликуван
0
SHARES
100
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Хуманото срце кое не издржа од шокот по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, возачот на Итната медицинска помош од Кочанската болница, Иле Гоцевски (42) ќе биде постхумно одликуван.

Тој цела ноќ превезувал повредени лица со изгореници од огнената ноќ во дискотеката, возел 11 пати на релација Кочани – Скопје – Кочани. Кога се вратил дома легнал да спие и повеќе не се разбудил. Иле им се придружи на настраданите од кобниот 16 март 2025 и стана 60-та жртва од несреќата во Кочани.

Related posts

Изгаснат големиот пожар на депонијата во с.Јосифово, валандовско

Изгаснат големиот пожар на депонијата во с.Јосифово, валандовско

јуни 29, 2025
ВИДЕО: Невреме во Македонија, ветер, поројни дождови, град

ВИДЕО: Невреме во Македонија, ветер, поројни дождови, град

јуни 27, 2025

Одлуката за негово постхумно одликување ја најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

  • „Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравствоm планирам следната недела да го викнам неговото семејство и постхумно да го одликувам. Во вонредна состојба сите работиме без да погледнеме во часовникот“, кажа Таравари.

Според објава на неговото семејство, Гоцевски си дошол дома после тешката ноќ, легнал да спие и не се разбудил.

Неговите колеги од ИМП од Кочани изјавија:
–  „Шокирани сме од веста дека нашиот Иле веќе го нема. Беше многу вреден човек, беше многу добар возач и колега и хуман човек. Во моментот на пожарот беше ноќна смена и превезуваше настрадани од дискотеката и покрај тоа што претходно на колегите се пожалил дека не се чувствува добро. Имал многу низок протисок, примал инфузија, но потоа станал и заминал да помага. Легнал да спие и не се разбудил. Причината, колку што ние знаеме, а не сме сигурни, се претпоставува дека е мозочен удар“, изјавиле негови колеги од Брза помош од Кочани.

На 16 март, во кочанската дискотека „Пулс“ загинаа 59 лица од кои шестмина се малолетници, 3 лица биле на 16, а уште три деца на 17 годишна возраст. Денеска жртвите колективно се погребуваат на заедничка локација во Кочани, 31 лице, како и во Штип, Пробиштип, Облешево, Скопје, Струмица.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Најтажниот ден за цела Македонија

Next Post

Објавени имињата и возраста на 59-те загинати во пожарот во Кочани

Next Post
Објавени имињата и возраста на 59-те загинати во пожарот во Кочани

Објавени имињата и возраста на 59-те загинати во пожарот во Кочани

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Приведен гевгеличанец обвинет за силување

Богданчанец удрил во пешак, па заминал, па пријавил во ИМП

2 години ago
ВИДЕО и ФОТО: Учениците од III-г со празничка музичка честитка за Гевгелија

ВИДЕО и ФОТО: Учениците од III-г со празничка музичка честитка за Гевгелија

2 години ago
ВИДЕО: Јован Насев (7 год.) од Гевгелија е играч на Академија АЕП ПАОК од Грција

ВИДЕО: Јован Насев (7 год.) од Гевгелија е играч на Академија АЕП ПАОК од Грција

3 месеци ago
Кривична пријава за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Две Кривични пријави за двајца жители на опш.Гевгелија

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија
  • Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“
  • Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025
Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

јуни 30, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist