Четиридневниот продолжени празничен викенд остава многу време за планирање на подалечна празнична прошетка, па за очекувано е дека голем дел од жителите на Македонија славенички ќе се упатат надвор од земјата.
Попладнево во 14 часот започнаа колоните со две ленти патнички возила за излез од државата кон Грција на ГП „Богородица“, а во 18 часот се формираше и лента за автобуси кои превезуваат организирани тури патници на прошетка кај јужниот сосед.
Денес е Велики Четврток, а утре е веќе неработен ден, па секој како ги завршува работните обврски ако испланирал патување попладнево седнал во возилото и отпатувал. Голем дел изборот за празнична дестинација им е Грција и тамошните летувалишта, таверни, крајбрежни прошетки.

Денеска, четврток, пазарен ден во Гевгелија и голем број на граѓани од Грција ја посетија Гевгелија низ грагскиот пазар, низ бутиците, а најмногу низ денталните ординации во градот. Реципроцитет, ама ние им враќаме илјадно повеќе посети. Во Грција викендов исто така се празнува денот на Христовото воскресение, Велигден.