Градот на точаците и велосипедистите синоќа беше подиум за тешка сообраќајна несреќа за еден 53 годишен возач на велосипед, учесник на сообраќајот во Гевгелија.
На Трет ден Велигден, 23.04.2025 во 20:20 часот во ОВР Гевгелија од Општата болница Гевгелија било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен П.Д.(53) од Гевгелија.
Според пријавеното, претходно на улица „Деко Ковачев“ во Гевгелија, мотоцикл „КТМ“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Т.А.(41) од Гевгелија, удрил во велосипед кој го управувал П.Д..
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.