Гевгелија и македонско-грчката граница врие од полициски припадници на „Фронтекс“ на полициски сили за граничен надзор, а криминалците на мигранти не мируваат. Се почесто освен притвор на криминалците читаме за извештаи за оставено возило полно со мигранти, а криумчарите побегнале.
Последната случка близу ГП Богородица укажува токму на тоа – криминалните возачи на илегалните мигранти побегнале и оставиле 4 жени, од кои едната била во бесознание од шок, претрпен стрес, или некој ненадеен здравствен напад. Работат по девизата „Земи парите и бегај, мигрантите нека се снаоѓаат сами!“
Еве што вели полицискиот извештај:
– „На 12.05.2025 во 20:15 часот во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица забележале како во патничко возило „Ауди А4“ со швајцарски национални ознаки влегуваат неколку лица мигранти. Возилото не застанало на знак за запирање и продолжило со движење. Набргу, во 20:20 часот возилото било пронајдено и во негова близина биле пронајдени четири женски лица – мигранти од Кина, од кои едната била во бессознание и била пренесена во болницата во Гевгелија за укажување помош, а останатите три лица мигранти биле сместени во прифатно – транзитен центар“.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, јавува МВР.