Ученикот Стефан Младеновски од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија викендов учествуваше на Националниот круг на Економската Олимпијада и го освои ПРВОТО место.
Достигнувањето на Стефан е голем успех, со самиот факт што натпреварот вклучуваше учество на над 2000 ученици од 52 средни училишта од целата држава. Од сите нив гордост наша е што Стефан освои максимален број поени и се пласираше за учество во Националниот тим на Меѓународната Економска Олимпијада во Атина, Република Грција.
До својот успех Стефан ги помина овие фази на докажување на своето знаење:
– Пишан испит,
– Едукативни #EconlitX Talks сесии,
– Усмен натпревар за Топ 10 ученици.

Натпреварот се одржа на 17 мај 2025 година, во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово, во организација на Институтот за либерална алтернатива (lai.mk).
На завршната свеченост при доделувањето на наградите Стефан освен Диплома за освоеното ПРВО место беше награден со 100% стипендија за студирање на Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа.

Стефан учествуваше на натпреварот под менторство на проф. Снежана Кичукова.
Честитки за нашиот Олимпиец и многу успех на Меѓународната економска Олимпијада!