Полициските работници од југот, во летувалиштето Стар Дојран, по објавата на фазата 3 за топлото време, се активираа во функција на превентива кон граѓаните со препораки за заштита од топлото време и престојот во езерски води на Дојран. Високите температури со УВ индекс 9 можат да бидат причина за топлотни удари, сончаница, дехидрираност, губење на ориентацијата, а ако се учесници во сообраќајот таквите лица подложни на подолготрајна изложеност на сонце, може и да предизвикат несакани несреќи.
За таа цел полициските сили од ПС Дојран превзедоа превентивна акција.
Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ во рамки на спроведувањето на континуирани превентивни активности од различни области, денеска (05.07.) заедно со полициски службеници од Полициската станица за ГП и ГН „Стар Дојран“ со глисер направија обиколка долж Дојранското езеро при што на туристите, посетителите и локалното население им беа давани совети како да се постапува при екстремно високите температури.
Притоа, во интерес на лична заштита од неповолните температурни услови карактеристични за овој период од годината, полициските службеници укажуваа на неопходноста од заштита од топлото време преку практични совети, а воедно на граѓаните им беа делени и едукативни летоци со корисни пораки како и шишиња со вода.
Инаку идентични превентивни активности беа спроведени и на Граничниот премин „Стар Дојран“ на влез и излез, секако и во функција на подобро и полесно поминување на границата со посебен акцент на возачите на товарни моторни возила.