недела, 4, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home SHOWBIZ

Добрила Чабриќ со нова автобиографска промоција во Ужице и Кикинда

март 12, 2023
in SHOWBIZ
Добрила Чабриќ со нова автобиографска промоција во Ужице и Кикинда
0
SHARES
776
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Автобиографијата на македонската пејачка и актерка Добрила Ивановски Чабриќ насловена „На патот кон стотката“ по промоцијата во Белград продолжува со свои претставувања пред српската публика. Следуваше промоција во Ужице и последното промотивно случување беше во Кикинда, Чукарица, во Галерија ’73.
Не само рецептот за долговечност како позитивен став во животот, туку и музиката како вентил на емотивно доживување, исполнување, емотивно празнење на тагата се дел од нејзините сценски третмани кога е во прашање промоцијата на својата автобиографија.

За нас од југот таа е позната како жител на Стар Дојран, позната и ценета дојранчанка, активна на полето на музиката, знаа да запее и во друштво на маса низ познатите дојрански кафеани, се’ уште активен возач на свои 95 години.
За пошироката публика од Балканот Добрила Чавриќ е позната како „супер бабиката“ која на 92 годишна возраст победи на музичкото шоу „Никад није касно“. Освои најмногу гласови и Прва награда од жирито и најмногу гласови и Прва награда од публиката на шоуто „Никад није касно“, За себе вели – „Секој ден го доживувам како подарок“.

Related posts

ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија

ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија

октомври 2, 2026
Бојан Велевски со големата турнеја доаѓа и во Гевгелија

Бојан Велевски со големата турнеја доаѓа и во Гевгелија

септември 28, 2026

Добрила Ивановски Чабриќ (95), победничката во серијата „Никогаш не е доцна“, е пример дека годините не се пречка за остварување на соништата и целите, туку дека клучот лежи во тоа како гледаме на предизвиците кои се на нашиот пат.
Нејзината автобиографија „На патот кон стотката“ која беше претставена во Здружението на пензионери во Чукарица ни’ дава увид во нејзината неверојатна животна приказна, проткаена со среќа и тага, но во исто време дава и мотив да се бориме за нашата среќа и успех, без разлика на нашата возраст или околности.

– „Кој ќе ја прочита книгата, ќе го има целиот мој живот во свои раце. Богат е – има сeшто, подеми и падови, и среќна сум што успеав да ви го откријам. Водев дневник и кога и да стигнам до петтиот ден, секогаш се случува нешто лошо – или ќе паднам, ќе ја скршам раката или ќе ми се расипе колата, па реков ако излезе оваа книга, претпоставувам дека нема да биде крај на мојот живот. Но, нема, а знаете ли поради која причина – личната карта ми важи до 2033 година. Па, јас тоа ќе го оправдам како знам и умеам“ – изјави на промоцијата Добрила, која не без причина ја нарекуваат „супер баба“.

Нејзината автобиографија е уште еден вреден увид во животот на една неверојатна жена која со својот пример , инспирираше многумина никогаш да не се откажуваат од вашите соништа и цели.
-,, Ако го сакаш животот и ако сакаш да живееш, тогаш ќе живееш. Живеам, веројатно надвор од мојата генерација, нема правила, но постојано сум опкружена со млади луѓе, не ми даваат да остарам и тоа ми дава сила да продолжам“, вели Добрила.

Со нејзиното мото „Животот не е фер, но е добар“, таа ни’ покажува дека клучот е во тоа како избираме да го живееме животот и дека секој ден, ако го сакаме, може да биде можност за нешто убаво и позитивно. .

На промоција во Кикинда, Чукарица, во Галерија ’73, што се одржа на 11 март годинава, публиката не беше ускратена и од личната интерпретација на дел од музичката кариера опишана во автобиографијата на Добрила.

Таа запеа дел од својот репертоар придружувана од локален уметник, оперскиот певач Илија Гранде. Слушнете ги заедно:

Добро здравје и чисто грло Доби!

Добрила ги потпишува своите автобиографски книги со посвета на читателите во Кикинда

Инаку Добрила е долгогодишен пензионер, но активна во музиката, дружењата, посета на местата кои ги сака. Потекнува од мешовит брак од татко македонец, а мајка србинка. Кариерата ја однела еден период од животот во Белград, но своите пензионерски денови одбрала да ги помине во Дојран. И еве, веќа 35 години вели дека воздуход и јодот од Дојранската езерска вода ја одржуваат витална и енергична за своите години.

– „Воздухот е почист, секаде можам да стасам, никаде не се брзам“, изјавува Добрила.
– „Самото Дојранско езеро е чудно, има многу јод. Кога ќе дојде лето едвај чекам да му се пружам, оти тоа ме држи како морска вода, ќе си легнам и ме носи. И ќе пливам и ќе се одморам, и ќе медитирам, прекрасна вода“, со насмевка и сјај во очите раскажува Добрила, нашинката од југот, за местото кое ја исцелува и одржува како еликсир на младоста.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Next Post

Македонските ракометни кадети по втор пат ја поразија Романија

Next Post
Македонските ракометни кадети по втор пат ја поразија Романија

Македонските ракометни кадети по втор пат ја поразија Романија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Диско „Банго“ отиде во историјата и мемоарите од 80-те години

Диско „Банго“ отиде во историјата и мемоарите од 80-те години

2 години ago
IN MEMORIAM: Почина актерката Катерина Крстева

IN MEMORIAM: Почина актерката Катерина Крстева

4 години ago
АПРИЛИЈАДА ВО ГЕВГЕЛИЈА !

АПРИЛИЈАДА ВО ГЕВГЕЛИЈА !

3 години ago
Физичко насилство во Богданци

Физичко насилство во Богданци

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Шумски пожар кај Миравци, локализиран, но уште активен
  • ВИДЕО: АК „7 Ноември“ Гевгелија ШАМПИОНИ на Штафетен маратон „Wizz Air“ 2026
  • ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Шумски пожар кај Миравци, локализиран, но уште активен

Шумски пожар кај Миравци, локализиран, но уште активен

октомври 4, 2026
ВИДЕО: АК „7 Ноември“ Гевгелија ШАМПИОНИ на Штафетен маратон „Wizz Air“ 2026

ВИДЕО: АК „7 Ноември“ Гевгелија ШАМПИОНИ на Штафетен маратон „Wizz Air“ 2026

октомври 4, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist