сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Средношколецот Леонид Цуклев од Гевгелија освои бронзен медал на БИО во Италија, а три медали освои Македонскиот тим

Еден златен, два бронзени медали и една Олимписка Пофалница освои Македонскиот средношколкси тим на Балканската олимпијада по информатика кој заврши денеска во Удине, Италија

октомври 1, 2025
in MАКЕДОНИЈА
Средношколецот Леонид Цуклев од Гевгелија освои бронзен медал на БИО во Италија, а три медали освои Македонскиот тим
0
SHARES
202
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Балканската олимпијада по информатика (БОИ) е врвниот натпревар во програмирање за средношколци од земји кои се наоѓаат на или околу Балканскиот Полуостров.

На годинашната, 32-ра по ред Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2025), учествуваше 4-ри член средношколски тим на информатичари од Македонија и тројца од нив се закитија со медали, а еден со Олимписка Пофалница.
БОИ се одржа од 25-ти септември до 1-ви октомври во Удине, Италија, а „олимпиското достигнување на нашиот тим на информатичари е еден златен, два бронзени медали и една олимписка пофалба“, соопшти Здружението на информатичарите на Македонија.

Related posts

Орден „8 Септември“ за Светлана Мојсов, македонски научник која го откри лекот Оземпик

Орден „8 Септември“ за Светлана Мојсов, македонски научник која го откри лекот Оземпик

септември 27, 2026
ОЈО ГОКК: Истрага за царинска измама со цигари – штета на Буџетот од над 250 милиони денари

ОЈО ГОКК: Истрага за царинска измама со цигари – штета на Буџетот од над 250 милиони денари

септември 26, 2026

Македонскиот тим на овој престижен меѓународен натпревар во програмирање, го сочинуваа учениците Дамјан Давков од Штип, Леонид Цуклев од Гевгелија, Виктор Максимоски од Гостивар и Владимир Грчев од Кочани, предводени од лидерите, д-р Емил Станков и Благојче Павлески од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Македонскиот тим на БОИ во Италија со своите ментори

Заедно со овие три, македонските ученици на меѓународните информатички олимпијади во текот на 2025 година досега освоија вкупно два златни, два сребрени, четири бронзени медали и четири олимписки пофалници – резултат достоен за респект, недостигнат и од многу поголеми држави од Македонија, велат од македонскиот тим.

Леонид од Гевгелија освои Олимписко сребро на Интернационалната Олимпијада по Информатика во Сукре, Боливија што се одржа во август годинава. Тој е ученик на III година, ДСУ Математичко – информатичка гимназија, Скопје, а како ученик во основното училиште „Климент Охридски“ во Миравци редовно победуваше на математичките натпревари на државно ниво.

Леонид Цуклев, средношколец првак на Македонската олимпијада по информатика

Секоја земја – членка на БОИ заедницата учествува со тим составен од 4 натпреварувачи, избрани преку годишните национални натпревари во програмирање, како и лидер и заменик лидер на тимот. Учениците се натпреваруваат во решавање на алгоритамски проблеми во два натпреварувачки дена.

Главен организатор на годинашната БОИ е Националната асоцијација за натпреварувачко програмирање на Италија, со поддршка на Италијанската асоцијација за информатика и автоматско пресметување.

На БОИ годинава учествуваат вкупно 48 најдобри средношколци во областа на компјутерските науки од: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Италија, Македонија, Молдавија, Романија, Србија, Словенија и Турција. Дополнително, како претставници на земји-гости на БОИ, во неофицијална конкуренција учествуваа и 18 ученици од Швајцарија, Украина, Саудиска Арабија и Киргистан. Во ваква силна конкуренција, златниот медал за Македонија го освои Дамјан Давков, а бронзените медали ги освоија Владимир Грчев и Леонид Цуклев. Четвртиот наш натпреварувач Виктор Максимоски исто така освои признание, олимписка пофалба.

Македонскиот средношколски тим на информатичари со менторите д-р Емил Станков и Благојче Павлески на 32 БОИ, Италија

Македонскиот тим за БОИ 2025 беше избран преку целогодишен циклус натпревари, што редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 36-ти пат. И оваа година, циклусот натпревари беше организиран со поддршка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, како и неколку општествено одговорни компании.

– „Секогаш сум среќен кога целогодишниот труд на нашите натпреварувачи вродува со плод. Дамјан и Леонид се ученици од Математичко информатичката гимназија во Скопје, кои штотуку запишаа четврта година, а Владимир како ученик кој само што заврши основно образование успеа да се пласира во овој повисок натпреварувачки ранг. Дамјан со неговиот медал и резултат застана пред 64 други учесници од олимпијадата, а Владимир го делеа само 5 поени (од можни 600) од освојување на сребрен медал. Целогодишниот труд и на членовите од Здружението, професорите и студентите од ФИНКИ, во организацијата на натпреварите и на подготовките на најдобрите ученици е исто така валоризиран со овие резултати. Искажувам благодарност за здружението „Бистри умови“ и општина Кочани за поддршката во организирањето на подготовките, како и на компанијата Сорсикс која и сега го поддржа нашето патување во Италија, вели претседателот на ЗИМ, проф. д-р Миле Јованов.

Следната, 33-та Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2026), ќе се одржи идната година во Црна Гора. Последен настан, пак, кој претстои до крајот на оваа година за македонските ученици – информатичари, е Јуниорската балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2025), која ќе се одржи од 24-ти до 30-ти октомври во Ларнака, Кипар.

Средношколецот Леонид Цуклев од Гевгелија – Македонски Олимпиец по информатика и математика

ShareTweetShareSend
Previous Post

Грција денеска е парализирана од генерален штрајк

Next Post

ВИДЕО: Падна првиот снег во Македонија

Next Post
ВИДЕО: Падна првиот снег во Македонија

ВИДЕО: Падна првиот снег во Македонија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Јован од Гевгелија по трет пат прогласен за „Најдобар стрелец“ на турнир во Грција

Јован од Гевгелија по трет пат прогласен за „Најдобар стрелец“ на турнир во Грција

1 година ago
Филмот „Анора“ e aпсолутен победник со освоени пет статуетки на 97-то издание на ОСКАР

Филмот „Анора“ e aпсолутен победник со освоени пет статуетки на 97-то издание на ОСКАР

2 години ago
ВИДЕО: Германец го открива Вардарски рид и локалитетот Гортинија кај Гевгелија

ВИДЕО: Германец го открива Вардарски рид и локалитетот Гортинија кај Гевгелија

10 месеци ago
Продадено атрактивно земјиште во Гевгелија во сопственост на Мијалков за 916.113 евра

Продадено атрактивно земјиште во Гевгелија во сопственост на Мијалков за 916.113 евра

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist