Иако официјално Задушница е секогаш во сабота, голем број верници во Гевгелија денеска ги посетија гробовите на своите блиски упокоени и принесоа жито, леб и вино.
Ден пред Митровденска задушница во манаститот “Свети Спас” се изведе парастос, а на гробните места молитва.
Краткиот ден поради настапување на зимското сметање на времето ги затече во молитва за упокоените, некои од ожалостените, дури со настап на првиот мрак.

Утехата е: “Да им се најде таму”, “Се’ нека им е полно таму на небото”, “Господ да се смилува на нивните души”!

Утре, сабота на официјалниот ден Задушница во 07:00 часот во манастирот „Свети Спас“ ќе се отслужи „Заупокоена Литургија“, потоа следува парастос во црквата кој ќе се изведе во 08:00 часот, а молитва за упокоените на гробишта со посета на свештено лице ќе се изведува од 08:30 часот.
Се принесува жито, леб и вино, се пали свеќа да им биде светло на душите упокоени.
Задушница, ден кога се сеќаваме на саканите, веќе упокоени 🙏



















