Србија гласа на Вонредни парламентарни избори, а за мотивот да се гласа зборуваат огромните редици пред гласачките места, па и несекојдневни ситуации како на младиот пар од Пирот – дошле дотерани во свечени невестински аут-фит, прво да гласаат, а после да го кажат судбоносното „ДА“ пред матичарот и роднините.
Оваа несекојдневна сцена била забележана на избирачкото место број 6 во населбата Барје, во Пирот, каде што Мина и Марко одлучиле да гласаат непосредно пред венчавката.
– „Прво треба да ја исполниме граѓанската должност“, порачале младенците, кои го искористиле своето избирачко право пред да го кажат судбоносното „да“, пишува Plusonline.rs.
- „Заедно одлучивме прво да победиме овде, а потоа и во животот. Сè се совпадна токму на денешен ден, така што секаде ќе бидеме победници. Ова е нов почеток и за земјата и за нас“, изјавила Мина.
Марко додал дека нивното доаѓање на избирачкото место испраќа порака до сите што мислат дека имаат поважни обврски од гласањето: – „Ова е порака до сите што велат дека немаат време или дека денес имаат поважни обврски од гласањето“, рекол тој.



















