Отворањето на „MEGA Shopping Park“ во Гевгелија претставува значајна инвестиција и нов импулс за локалната економија, носејќи современ шопинг концепт и бројни нови работни места.
Со цел навремено обезбедување на квалитетен кадар, пред официјалното отворање ќе се организира првиот MEGA Саем за вработување во Гевгелија. На саемот заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се запознаат со компаниите и брендовите што ќе работат во рамките на MEGA Shopping Park и да дознаат повеќе за можностите за кариера во динамична и професионално организирана работна средина.
Саемот е наменет за сите кои сакаат да станат дел од современ и амбициозен деловен амбиент, каде што се вреднува посветеноста, тимската работа и желбата за напредок.
Датумот на одржување на Саемот за вработување е 7 Април 2026 година, локацијата е Спортска сала ДТВ „Партизан“ Гевгелија, а времето закажано за средба со заинтересираните започнува од 09:00 до 17:00 часот.
Дополнително ќе Ве известиме за листата на компании-учесници кои ќе бидат дел од широката трговскапонуда на „MEGA Shopping Park“ во Гевгелија.
Бидете дел од тимот вработени во највозбудливиот нов шопинг парк во Гевгелија.




















