На денес одржаното Национално првенство во крос-кантри за 2026 година, на терените покрај Вардар во Скопје, јужната атлетска стрела Антонио Каракабаков освои ШАМПИОНСКИ трофеј за освоено ПРВО место во дисциплината 2000 метри.
Ова е уште една потврда за атлетските способности на Антонио, покрај низата медали освоени во 2026 година денес се стекна и со нова ШАМПИОНСКА титула на ДРЖАВНО ниво за 2026 година.
Годинава Антонио постигна извонреден успех освојувајќи Европски, Балкански, а денес и Државни титули:
– Антонио е носител на 5-то МЕСТО ВО ЕВРОПА ВО СКОК ВО ДАЛЕЧИНА,
– БАЛКАНСКИ ВИЦЕШАМПИОН во скок во далечина,
– Првенство за пионери – најдоброто време во годината на 60м за пионери
– ДРЖАВЕН ШАМПИОН ВО КРОС-КАНТРИ! 🥇🏃♂️
– „Успесите не доаѓаат случајно! Зад секоја титула стојат многу труд, посветеност, дисциплина, пожртвуваност и верба во сопствените можности! – велат од управата на неговиот клуб, под чии бои настапува Антонио, АК „Аеродром“ Скопје.
Раководството на клубот и тренерот Мики Здравкоски се благодарни што семејството на децата, пионери од клубот ги прифатија предизвиците дека имаат спортист во семејството кон што ги подредуваат обврските на сите полиња, со една единствена цел — да израснат во здрави деца за уште поголеми успеси!!!
Антонио е здрав ученик од Стојаково, Богданци, кој победува на тркачките патеки, а во атлетските дисциплини открива и други можности на своето тело, а тоа е „скок во далечина“ со кој се вброи во ТОП-5 пионери на Европа во оваа дисциплина.
- Во тек се подготовки за учество на BALKAN KIDS ATHLETICS GAMES (зимска Балканијада за пионери во сала) која ќе се одржи на 6-ти декември годинава. Очекуваме уште подобри резултати во дисциплините кои ги владее Антонио“ – изјави за GevgelijaNet неговиот тренер, Мики Здравкоски.
Честитки и успеси и понатаму!





















