Нa 06.11.2025 во 18:00 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на ул. „Деко Ковачев“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и мопед.
Патничкото возило марка „Oпел“ со гевгелиски регистарски ознаки, било управувано од Ж.П.(68) од Гевгелија, а мопедот марка „Kимко“ со гевгелиски регистарски ознаки, било управувано од Ѓ.Н.(22) од Гевгелија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, 22 годишниот Ѓ.Н. од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.



















