Оваа река извира од планината Беласица. По своето течение долго 9 km се симнува до с.Николиќ, дојранско и овде во близина на “Nikolic Beach” се влева во Дојранското езеро.
Поради неодамнешните врнежи реката е надојдена, на места и до 4m широка и носи издашно вода во езерото.
Од последното мерење во јануари нивото на езерото е покачено за 3 cm и во моментот е 33 cm над “0-та” котата.
Во недостаток на водите од системот “За спас на Дојранското езеро” каналот кај Топлец остана сув. Остана само природата да се грижи за езерото и после секои врнежи да го подига за некој сантиметар неговото “тело”.
🎥 К.Ласов



















