сабота, 5, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

Почесно постхумно признание за д-р Билјана Ичева

По повод Светскиот ден на здравството посветено Почесно признание за прерано починатата д-р Ичева поставено на влезот на Физикална терапија при „Негорски Бањи“ Гевгелија

април 9, 2023
in ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА, ФОКУС
Почесно постхумно признание за д-р Билјана Ичева
0
SHARES
1.3k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Физикалната терапија при „Негорски Бањи“ Гевгелија доби почесна плоча во чест на починатата д-р Билјана Ичева.

Плочата е поставена на влезот од Физикалната терапија и е во сеќавање на д-р Билјана Ичева, која беше специјалист физиотерапевт, дипломираше на Медицински Факултет во Скопје, а целиот свој работен век го помина во Физикалната терапија при Негорски Бањи Гевгелија.
За неполни два дена се навршуваат две години откако прерано ја напушти саканата Гевгелија. Почина на 11 април 2021 почина од ковид-19 на 61 годишна взраст.

Related posts

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

јули 4, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Беше скопјанка со семејни корени од Гевгелија, сопруга на Божин Ичев, д-р ренгенолог вработен во Општа Болница Гевгелија, а мајка на две деца.

Почесната плоча за нејзината вложена тридецениска професионалност е поставена со одлука на управата и колективот на „Негорски Бањи“ АД заради секогаш ценетата колешка, другарка, пријателна.

Почесното признание се доделува:
„За целокупниот придонес за афирмација на дејноста на „Негорски бањи“ АД и особено уделот што го има дадено во делот на здравствените услуги во областа на физикалната терапија и рехабилитација унапредувањето на тераписката култура, здравствено социјалните потреби и сите активности што се од огромно значење за развојот на „Негорски Бањи“ АД с.Негорци-Гевгелија“.

Почесното признание за д-р Ичева е поставено на 7 април, Светскиот ден на здравството во присуство на колегите, управата и сопственикот на „Негорски бањи“ АД Трифун Костовски.

Почесното признание за д-р Билјана Ичева поставено на влезот на Физикална терапија – Бегорски Бањи Гевгелија

Билјана беше скопјанка со семејни корени од Гевгелија. Секое лето доаѓаше во Гевгелија и овде на гевгелиското корзо ја запозна својата љубов и иден сопруг Бошко Ичев, д-р рентгенолог. Беше мајка на две деца, сакана од смејството, почитувана и ценета од гевгеличани. Лечеше пациенти кои имаа маки, а самата ги дочекуваше со насмевка и со насмевка ги испраќаше среќните и благдарни пациенти.

Билјана не беше научник, не измисли лек, нее конструираше протеза, но остави пациенти со вечна благодарност за сите нејзини упатени насмевки со кои ги грееше гевгеличани, ги „омекнуваше“ болките на пациентите, ја лечеше траумата на посетителите на Негорски Бањи, им оставаше сонце во сеќавање на тие што ќе посакаат повторно да ја посетат Гевгелија и познатите минерални топли води во Негорци.
Вечен спомен!

Д-р Билјана Ичева – со оваа насмевка ги дочекуваше сите, оваа насмевка сега грее само во сеќавањата и на нејзината надгробна плоча
ShareTweetShareSend
Previous Post

Дојран ги има Државните прваци во карате за 2023

Next Post

Ученици од Гевгелија седнаа во пратеничките клупи

Next Post
Ученици од Гевгелија седнаа во пратеничките клупи

Ученици од Гевгелија седнаа во пратеничките клупи

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Добрила Чабиќ: Како да се остане млад и ведар и во 97-та година од животот

Добрила Чабиќ: Како да се остане млад и ведар и во 97-та година од животот

4 месеци ago
Јован Насев од Гевгелија прогласен за Најдобар стрелец на турнир во Грција

Јован Насев од Гевгелија прогласен за Најдобар стрелец на турнир во Грција

2 месеци ago
КОЖУФ Е СПАСЕН – ПОЖАРОТ Е ИЗГАСНАТ!

КОЖУФ Е СПАСЕН – ПОЖАРОТ Е ИЗГАСНАТ!

12 месеци ago
Стоковната куќа во Гевгелија, некогаш …

Стоковната куќа во Гевгелија, некогаш …

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите
  • Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот
  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

јули 4, 2025
Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

јули 4, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist