Во последниот полициски Билтен на МВР е евидентирано дека во изминатите 24 часа во државата пријава за физичко насилство има поднесено од страна на 10 лица од кои 5 се на подрачјето на ПС Скопје, 4 на подрачјето на СВР Струмица и 1 на подрачјето на ПС Гостивар.
100.000-но населената Струмица „напната“ како 700.000-но Скопје!
Ќе ги презентираме податоците за СВР Струмица, бидејќи во нејзин состав е и ОВР Гевгелија, па просекот за безбедносната состојба се гледа и во овој домен.
Четирите евидентирани случаи на физичко насилство на подрачјето на надлежност на СВР Струмица се однесуваат за расправии и физички напади случени во с.Василево и градот Струмица, во временско растојание од 3 до 5-6 часа од едната до следната пријава.
Првиот евидентиран случај на физичко насилство е пријавен вчера 17.06.2023 во 15:00 часот во Полициска станица Струмица. Тогаш Б.Ц.(62) од с.Градашорци пријавил дека на 16.06.2023 околу 17.30 часот во с.Василево бил физички нападнат од едно лице од с.Василево.
Вториот случај на физичко насилство е евидентиран исто така на 17.06.2023 во 18:00 часот во Полициска станица Струмица.. Д.И.(52) од с.Василево пријавил дека околу 16:30 часот пред продавница во с.Василево по претходна расправија бил физички нападнат од Р.К..
Третата пријава е евидентирана пак на 17.06.2023 во 21:30 часот во Полициска станица Струмица. Тогаш Ш.У.(45) од с.Банско пријавил дека околу 20:00 часот во с.Василево бил физички нападнат од М.Н.
После 6 часа истата дежурна смена во ПС Струмица, (на 18.06.2023) во 03:40 часот добила пријава од В.Т.(22) од Струмица. Тој пријавил дека околу 03:00 часот во угостителски објект во Струмица бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на сите четири случи на физичко насилство.
Станува симптоматично што тоа се случува во еден ист ден во с.Василево па има толку пријави за физичко насилство?