Осумгодишниот генијалец Македон Димитровски од Тетово освои уште еден златен медал на натпревар по математика во меѓународна конкуренција.
Станува збор за натпреварот „Кенгур“ кој се одржа на Машинскиот факултет во Скопје.
- „Македон го доби златниот медал од финалето по математичкиот натпревар „Кенгур 2023“ одржано на Машинскиот факултет во Скопје. Браво, ти си наша гордост“, напиша таткото на Македон, Владимир Димитровски.
Инаку МАкедон е носител на ЗЛАТЕН медал од меѓународна олимпијада по математика во конкуренција со средношколци. Конкуренцијата не му е битна колку е голема, важни му се бројките и математиката кои ги обожава.
БРАВО за новиот успех на малиот ГЕНИЈАЛЕЦ!