Во чест и вечен спомен на осумте загинати припадници на МВР кои ги положија животите во 2015 година, во вооружена престрелка со терористичка групација во кумановско „Диво насеље”, денеска,(23.08.2023) во рамки на одбележувањето на 22 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување, во кругот на СВР Куманово беше откриено Спомен обележје во чест и вечен спомен на загинатите припадници на МВР.
На настанот присуствуваа министерот на МВР Оливер Спасовски во присуство на семејствата на загинатите припадници од ЕБР и САЕ „Тигар“, највисокото раководство на МВР, СВР Куманово,претставници на МПС,претставници од Општина Куманово, политички партии,колеги и претставници од Одделот за специјални полициски операции.
Вечна слава и незаборав за: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, хероте кои го дадоа својот живот за нешто поголемо од себе, за својата татковина.
Спомен обележјето е поставено во кругот на СВР Куманово, а е направено заедно со Македонскиот Полициски Синдикат.
Споменот на нашите херои никогаш да не биде избришан од меморијата на времето. Хероите живеат вечно – нека им е вечна слава!