Во текот на изминатото деноноќие во државата имало 35 пожари, јавува ЦУК, од кои два се уште активни, а меѓу изгаснатите пожари е и тој регистриран во атарот на с.Стојаково, богданско.
Пожарот беше пријавен до единицата на ТППЕ Гевгелија во 16:50 часот, вчера (петок), 13 октомври.
На терен веднаш се упатија на интервенција две противпожарни возила со 4-ца пожарникари. Пожарот ги ангажираше пожарникарите цел час и 40 минути. Во 18:30 пожарникарите се вратија од интервецијата со комплетно изгаснат пожар.
ЦУК јавува дека опожарениот терен е во ниви во атарот на Стојаково. Тоа го потврдува и ТППЕ Гевгелија од каде известуваат дека опожарениот терен е полски простор и претежно изгорела сува трева.
Случката упатува на внимателност, бидејќи сувата трева покрај патиштата е лесно запалива и со фрлен опушок од цигари. Дали станува збор на немарно палење стрништа и несреќно предизвикан пожар ќе одговорат истражните тела.