Новата 2024 година има убав почеток. ❤️ Точно на полноќ во 00:00 часот на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се роди првото бебе во Новата година. Станува збор за здраво машко дете, тешко 3760 грама и долго 52 сантиметри.
– „На родителите им упатуваме искрени честитки за приновата во семејството, а на новороденчето му посакуваме многу здравје, среќа и безгрижно детство. Голема блaгодарност до целиот дежурен медицински персонал!“ посакаа од Министерството за здравство.
Првиот посета на првиот новороден граѓанин на Македонија ја имаше од Министерот за здравство кој посака здравје и среќа и на родилката и на новороденчето.
– “Утрово на ГАК го посетив првото родено бебе во 2024 година. На мајката Наташа и ги честитав новогодишните празници, имаат прекрасен почеток во новата година. На новороденчето му посакувам многу здравје, среќа и безгрижно детство. Продолжуваме во новата година да спроведуваме политики и мерки за заштита на здравјето на мајките и новороденчињата, како и на сите други пациенти”, министер Меџити.