Новороденчето Антонио и неговата мајка Виолета претпладнево беа посетени од претставник на општина Гевгелија со цел да биде испочитувана традицијата – врачени се поклони за новороденчето и неговата мајка и вредносен ваучер од 20.000 денари.
Оваа среќна обврска кон најновиот жител на Гевгелија ја имаше претседателот на Советот на општина Гевгелија, кој професионално доаѓа од оваа гевгелиска здравствена установа, тоа е д-р Патрик Матх.
Д-р Матх од името на Советот и Општина Гевгелија испорача желби за добро здравје, убаво детство и напредок на малиот Антонио, а на мајката среќно мајчинство со првородената рожба во животот.
Цвеќето и хигиенските пакети за бебенцето ја исполнија болничката соба, а честитки упатија и лекарскиот тим и медицински персонал кои го донесоа на свет најновиот жител на Гевгелија.
Антониот се роди на 1 јануари 2023 година во 13:20 часот во Оделението за гинекологија и акушерство при Општа Болница Гевгелија, со родилна тежина од 3.100 грама и 50 сантиметри должина. Така тој стана најновиот жител на општина Гевгелија во Новата година.
Среќно за брачниот пар Делеви од с.Моин, родителите Виолета и Никола.
Тие од Програмата за социјална заштита на општина Гевгелија ќе добијат и дополнителна еднократна парична помош за своето новороденче, кое општината им го доделува на сите новородени жители на општина Гевгелија во текот на годината.
Фото: Општина Гевгелија