вторник, 19, август 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

СОУ „Ј.Јосифовски“ Гевгелија го прослави Патрониот празник и 72 години образовна дејност

СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија го прослави својот Патронен празник со културно-уметничка манифестација во која учествуваа бројни ученици од различни училишни секции

април 26, 2024
in ФОКУС
СОУ „Ј.Јосифовски“ Гевгелија го прослави Патрониот празник и 72 години образовна дејност
0
SHARES
269
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија го прослави својот Патронен празник со културно-уметничка манифестација, во која учествуваа бројни ученици, членови на училишни секции. Својата креативност и експресија на сцената тие ја претставија пред бројната публика во Народниот театар – Гевгелија.

Во програмата беа изведени хорски настапи, изведба на драмски сцени на македонски и англиски јазик, музички настапи и танцови перформанси, подготвени од професорите: Илија Атанасов, Даниела Џишева и Александра Ќаева, Андријана Џинова, Кристина Пренда, Емилија Дуганова и Маја Зафирова.

Related posts

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

август 18, 2025
Вода од пумпите во Ѓавото дотече во Дојран, а доброволци го уредуваат просторот кај Топлец

Вода од пумпите во Ѓавото дотече во Дојран, а доброволци го уредуваат просторот кај Топлец

август 16, 2025
Настап на училишниот хор со проф. диригент Илија Атанасов
Пародија на драмски сцени од Вилијам Шекспир во изведба на ученици артисти
Драмска сцена „Требаше да биде романтична вечер“

– „СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија е пример за успешно училиште кое гордо стои чекор напред во иновативниот воспитно- образовен процес, училиште во кое за време од 70 години образование многу ученици успеале да ги постигнат своите цели, да стекнат знаења, вештини и вредности и така подготвени да се вклучат во градење на денешното општество и да го збогатат со своите таленти и способности“ – истакна директорот на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, Александар Делиџаков, во својот поздравен говор.

Изведувачите и дел од професорскиот тим задолжен за подготовка на програмата за одбележување на патронатот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија

Тој го честиташе Патрониот празник, истакнувајќи:

– „Како и секое друго училиште, така и СОУ „Јосиф Јосифовски“ има предизвици, но со позитивните искуства од минатото, лесно ги надминува и продолжува со успешното образование на следните генерации на ученици. Еден од главните предизвици во денешното време е постојаното менување на технологијата и брзиот развој на истата. Затоа, нашето училиште го зголемува квалитетот на образование преку професионално развивање на кадарот, ги прифаќа и имплементира најновите технологии за да ги подготви учениците да го развијат својот потенцијал за успешна кариера во иднина“ – нагласи Делиџаков.

Патронот на училиштето, Јосиф Јосифовски – Свештарот Ѓорче е Народен херој на Југославија, прогласен на 5 јули 1957 година.
Роден е на 2 август 1914 година, а загинал на 6 октомври 1943 година во селото Кленоец, Кичевско во борба со германците и балистите.

Јосиф Јосифовски (1914-1943)

Денеска одбележувањето на патрониот празник на СОУ „Јосиф Јосифовски“ се поклопи со 81 годишнината од излегувањето на првите партизани од Гевгелија и гевгелиско, на 26 април 1943 и формирањето на првите вооружени сили на Кожуф планина со формирањето на Гевгелискиот партизански одред „Сава Михајлов“.

Седум децении младите од Гевгелија своето средношколско образование го стекнуваат во гевгелиското средно училиште што го носи името на првиот Народен херој на Југославија од Гевгелија, Јосиф Јосифовски. Средното училиште во Гевгелија е формирано 7 јули 1952 година, девет месеци по прогласувањето на Ј.Јсифовски за Народен херој.

Годинава СОУ „Ј.Јосифовски“ одбележува 72 години образовна дејност.
Нека им се множат годините, успесите и умните ученици гевгелиски!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Тешка сообраќајна несреќа на Валандовско брдо

Next Post

Филипче: Имаме одлични кандидати кои ќе ги бранат интересите на граѓаните

Next Post
Филипче: Имаме одлични кандидати кои ќе ги бранат интересите на граѓаните

Филипче: Имаме одлични кандидати кои ќе ги бранат интересите на граѓаните

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Последен поздрав за хуманата фризерка Маре, по потекло од Гевгелија

Последен поздрав за хуманата фризерка Маре, по потекло од Гевгелија

2 години ago
Забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци, стапи на сила попладнево

Забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци, стапи на сила попладнево

2 години ago
Прв акатист со петтолебие кон Пресвета Богородица

Прв акатист со петтолебие кон Пресвета Богородица

6 месеци ago
Ансамбл „Бојмија“ од Гевгелија гостуваше во емисијата „Качамак“ на ТВ Сител

Ансамбл „Бојмија“ од Гевгелија гостуваше во емисијата „Качамак“ на ТВ Сител

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф
  • Лишен од слобода млад гевгеличанец
  • Победник на МШТ „АУРОРА 2025“ е Лука Булатовиќ од Србија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

август 18, 2025
Лишен од слобода млад гевгеличанец

Лишен од слобода млад гевгеличанец

август 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist