Топ Новости

Пријателе, Македонија ќе победи!

Среда, 10 Октомври 2018

Колумна на Стоилко Андреевски, писател и новинар

 

 

Време Македонија да ја биде или да не ја биде остана уште малку. Ова парче земја никогаш не било во потешка состојба отколку сега. Не од други. Туку од самите Македонци. Од „хероите“ – патриоти и од предавниците. Уште неколку дена нѐ делат дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе го дадат својот глас за Преспанскиот договор, за промената на името, за измените во Уставот и за отворање на патот Македонија да биде во НАТО и ЕУ. Ќе се најдат ли „јунаци“ од оваа партија, не за СДСМ, туку за Македонија, за сегашните и идните генерации да не бидат заробени, да не бидат сами, да немаат затворени граници и да имаат подобар живот. Ќе го дадат ли својот глас младите никогаш повеќе да не бараат леб во Европа туку Европа да дојде во Македонија. Ќе се најдат ли „јунаци“ над „јунаците“?

Седам сам на клупа во паркот. Низ глава ми минуваат разни мисли. Ми приоѓа еден познаник. Знаев дека е вмровец. Се поздрави и седна до мене. За да почне разговор ми вели дека добил покачена пензија и дека оние што ветиле го исполниле ветувањето. Не му реков ништо. Тој пак го продолжи разговорот.

„Јас не бев да гласам на референдум! Не знам, но има нешто што толку многу нѐ „сакаат“ сите и што „запнале“ Македонија да оди во Европа. Не знам што е? За арно нека е. Ете и синот со снаата и децата заминаа за Холандија. Ама знаеш, ни викаат нашиве, дека ако го прифатиме името Република Северна Македонија ќе сме го изгубиле и името и идентитетот и јазикот. Мислам дека нѐ лажат. Синот ми вели сосема друго: „Татко ваму е животот. И работа има и ред има и дициплина има! Згреши што не си гласал. Татко, ми вели, Македонија не може сама! Кога моето дете ми го кажа ова видов дека сум згрешил, а мислам дека грешат и другите кои не сакаат сега да го дадат гласот „за“ и ние, како што ми вели синот, бел свет да видиме!“, рече тивко како човек кој е „кабаетлија“.

Кога виде дека ништо не му реков стана од клупата, ми подаде рака, се поздрави и без збор си замина. Гледав како си заминува и се запрашав:

„Сите велат дека договорот е добар и дека никогаш нема Македонија да направи подобар договор со Грција. А за тој договор, со промената на името од Република Македонија во Република Северна Македонија „благослов“ дадоа и Германија и Англија, Франција, САД и многу други. Десетмина се попаметни од нас сами! Што е тогаш она што го дели Македонецот? Што е она што едните се прават дека се поголеми Македонци од другите!? Дали во прашање е инаетот или пак лагите на водачите на едната и другата македонска партија. Не, не е прост Македонецот! Тој е умен. Видел и „урка и вретено“. Поминал и турско, и бугарско и српско. А сега се најде во ќорсокак?“

Станав и тргнав кон улицата. Кога се искачив по скалилата сопрев. До мене како да дојдоа зборовите на пријателот. Го побарав со поглед. Беше далеку. Сакав да викнам, силно да викнам по него. Сакав да му речам:

„Пријателе! Си згрешил, но и јас мислам дека Македонија ќе победи! Ќе се најдат десетмина јунаци од ВМРО-ДПМНЕ и ќе го дадат својот глас. Не за СДСМ туку за македонскиот народ и за сите нивни деца кои за парче леб го напуштија татковото огниште!“


Автор: Столико Андреевски, писател и новинар 

 

Last modified on Среда, 10 Октомври 2018 - 18:03

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.