Традиционално и годинава по 26-ти пат во организација на Локалниот клуб на Социјалдемократската младина на Гевгелија се најавува настан за општо граѓанска забава „Коледарскиот Хепенинг 2019“.
Петтиот ден од јануари, познат во народот како Коледе, во предвечерието на бадниковото празнување е продолжување на традициите за заедничка сплотеност меѓу граѓаните од општината и пошироко, со поддршка на коледарско-бадниковата традицијата.
Сабота, на веќе познатата локација - Ракометното игралиште во Гевгелија, и веќе традиционалниот термин на почеток во 19:30 часот ќе биде запален големиот коледарски оган, каде ќе бидат поделени бадниковите гранчиња за здравје, среќа и бериќет во Новата Година.
Со богата забавна програма, покрај топлината на коледарскиот оган, со обезбедена лесна закуска и пијалоци, организаторот на настанот вообичаено испорачува и светли желби за Среќна и успешна 2019 година со светлечки огномоет над небото на Гевгелија.
Добро здравје, радост, среќа и успех на сите посетители на хепенингот и на сите добронамерни кои ќе и' се приклучат на коледарско-бадниковата традиција, порачуваат организаторите.
Сабота, 5-ти јануари, загарантирана тричасовна бесплатна забава на отворено, достапна за секого, која ќе трае до 22:30 часот. Бидете таму. Програмските гости се ненајавено изненадување.