Неколку тонски кит проголтал нуркач на брегот од градот Порто Елизабета во Јуна Афричката Република.
За среќа, најголемиот цицач на планетата земја го исплукал во водите и нуркачот поминал без повреди.
Јужноафриканецот Rainer Schimpf (51 годишен) по исплукувањето од устата на китот ги прашал возбудено своите колеги нуркачи „Дали ја снимиле глетката кога тој бил во устата на китот“. За негова среќа и китот и колегите биле на ниво на задачата.
За китот тој бил преголем залак, зошто тогаш ловел и се сладел со сардини, а колегите не го испуштиле секој момент од настанот.
Имено, Рајнер нуркал недалеку од градот Порто Елизабета, снимајќи сардини кога замалку го проголтал кит!
– Само се појави пред мене, голташе риби и така ме голтна и мене – рекол Рајнер на кого дури и нозете му виселе од устата на китот.
– Почувствував притисок околу половината и веднаш знаев што се случило. Китот случајно ме вовлече во својата уста заедно со својот главен оброк, сардините – навел Шимпф, наградуван стручњак за зачувување на подморскиот живот со 20-годишно искуство.
За среќа, огромниот цицач увидел дека нешто не е во ред, па самиот го плукнал. Рајнер е среќен што овој нежен џин нема на менито нуркачи за јадење.