Топ Новости
Утрово приведен е гевгеличанец - Сабота, 01 Октомври 2022 17:14
Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани - Четврток, 22 Септември 2022 18:33
Приведен бегалец од Затвор Гевгелија - Вторник, 20 Септември 2022 14:05

Голманот Касилјас ќе мора да ја заврши кариерата

Четврток, 02 Мај 2019

Светскиот и двојниот европски шампион со Шпанија, голманот Икер Касилјас (роден 1981 година), вчера доживеа инфаркт, но по лекарската интервенција денеска се наоѓа во добра здравствена состојба. Несреќниот инфаркт го снајде додека изведуваше тренинг на Порто.

Специјалистите велат дека имал среќа што лекарскиот тим на Порто реагирал навремено и што веднаш бил хоспитализиран. Касилјас, кој неодамна го продолжи договорот со Порто до 2020 година, ќе мора да стави крај на богатата кариера.

- „Икер нема да биде во можност да се занимава со професионален спорт откако доживеа инфаркт на моикардот. Нема да може да игра фудбал со вграден стент. Ќе може да води нормален живот, но за него кариерата е завршена“, рекол националната шпанска телевизија „ТВЕ“, кардиологот Хуан Антонио Корбалан, кој е поранешен кошаркар на Реал.

Икер Касилјас две децении е во фудбалот. Кариерата ја почна во 1999 година во Реал, а во Порто е од 2015 година.

Во кариерата ги освоил сите значајни клупски и репрезентативни трофеи.

Голманот синоќа од болницата во која е сместен им се заблагодари на сите оние што му упатиле зборови на поддршка преку социјалните мрежи.

 

 

Last modified on Четврток, 02 Мај 2019 - 14:10

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Гевгеличанец приведен за обљуба над малолетник

Вчера, недела 02.10.2022, во 15:20 часот полицијата го уапсила Ѓ.А. (61) од

Повеќе

Kомуналните покачувања повлечени од предлагачот

Корисниците на услугите на ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија може да здивнат -

Повеќе

Утрово приведен е гевгеличанец

Во акциска контрола на МВР во координација со УЈП спроведена во угостителски

Повеќе

ТППЕ- Гевгелија доби ново возило од ДЗС

Современо возило опремено со водена пумпа од денеска е составен дел на возниот

Повеќе

Првачињата извисија од Општина Гевгелија - Советот одби да расправа за помош на

Со наслов: „Општина Гевгелија нема слух за првачињата“ денеска реагираше

Повеќе

Перо Митров, сопственик на „Јавор“ Мрзенци добитник на признание за туризам

Награда за животно дело за долгогодишен развој на угостителството и создавање

Повеќе

Обновено ракометното игралиште во Гевгелија со донација од Државна

Под слоганот „ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ“, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува

Повеќе

Признание за животно дело за газда Перо од „Фук Так“ Дојран

По повод 27 септември - Меѓународниот ден на туризмот Министерството за

Повеќе

Kривична пријава за жител од општина Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето Д.Б.(40 годишен) од село

Повеќе

Се подготвува комунална ценовна бомба

Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија на 19.04.2022 година донел

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.