Топ Новости
Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани - Четврток, 22 Септември 2022 18:33
Приведен бегалец од Затвор Гевгелија - Вторник, 20 Септември 2022 14:05

Турнир во класичен мал фудбал во Миравци

Четврток, 06 Јуни 2019

Фудбалскиот расадник во општината, младите од село Миравци годинава покрај атракцијата на традиционалниот турнир „Тихо“ подготвуваат нов турнир во класичен мал фудбал во своето село.

Спортското лето во Миравци продолжува со организациоаните подготовки на новиот турнир кој ќе ги окупира фудбалските фанови и миравчани во текот на месеците јуни и јули.

КМФ- Миравци е кратенка од „класчен мал фудбал во Миравци“ или продолжеток на традицијата која секое лето ја ужива ова село. Во ново руво, нови и млади организатори коишто за прва година најавуваат новитети. Цел на организаторите е покрај фудбалските клубови да допрат и до индивидуи кои ќе може да го искористат јавниот простор и толпата луѓе за себе промоција.
Контакт и пријавувања за учество на телефон: 070/248-255.

„Ќе нè има! Не затоа што сакаме- туку затоа што #мораме!
Со новиот старт ќе има и нови интересни атракции. Ќе има нова храна, која за некои ќе биде на #insta а за други во стомак! Ќе има и интерет натпреватувања, ќе има поттик за најхрабрите натпреватувачи, а ќе има и награди за најкреативните навивачи! Ќе се фотографираме, ќе учиме нови песни, кои дел ќе бидат по ваша желба! Ќе има и хуманитарни настани, се со цел да докажеме дека и Миравци има солидарност! Ќе ги поддржиме најмладите уметници, ќе им одвоиме од нашето време, кое за нив е од голема значајност! Ќе им кажеме на сите дека има што да се виде!“ - порачуваат организаторите.

Локација на сите збиднувања е добро познатото место - Стартото Школо! Ова е само најава. Пријавите се во очекување, а и новите информации за настапите, жребувањата, натрпреварите, наградите и забавниот дел, организаторите најавуваат дека наскоро ќе следуваат. Фудбалското Миравци и годинава Ве очекува со богати спортски настани на кои може да им се придружите и како учесници, или како публика.


Last modified on Четврток, 06 Јуни 2019 - 03:41

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Kривична пријава за жител од општина Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето Д.Б.(40 годишен) од село

Повеќе

Се подготвува комунална ценовна бомба

Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија на 19.04.2022 година донел

Повеќе

Недела - прекин на електричната енергија во цела Гевгелија

Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе работат на реконструкција и

Повеќе

Пронајдена марихуана и муниција во Моин, приведени 2 лица

Две лица од Гевгелиско се приведени откако полицијата при претрес на нивните

Повеќе

Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани

Полициската станица Гевгелија поднесе кривични пријави против двајца

Повеќе

ИТНО се повлекуваат виршлите „WUDY“ од продажба, нареди АХВМ

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука за повлекување од продажба во

Повеќе

МВР: Два случаи на насилство во гевгелиско, се пукало во стојачанец

Вчерашниот ден, 20 септември, одбележан со физичко насилство на ГП „Дојран“, на

Повеќе

Признание за Гевгелиското Здружение на пензионери од СЗПМ

По повод 20 септември, Денот на пензионерите на Македонија , Здружението на

Повеќе

Приведен бегалец од Затвор Гевгелија

Одбележан Светскиот ден на прва помош

По повод Светскиот ден на Првата помош, Црвен Крст на Македонија со град

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.