Топ Новости

Фрчковски: Зависиме од политичките хормони на другите

Петок, 18 Октомври 2019

Љубомир Д. Фрчковски, професор по меѓународно право, вечерва на „Коментар“ на „24ТВ“ со интересна анализа за одложената одлука за отварањето на пристапни преговори на Македонија во ЕУ.

- „Исходот од Европскиот совет покажа дека ние како мала држава зависиме од политичките хормони на другите.

Македонија беше неправедна жртва на Макрон. Сега оваа Влада има кард бланш да ги заврши реформите. Дури се далеку од предалеку. Второ, се бават добро со економскиот поттик, поддршка во различни основи, зголемени минимални плати, субвенционирање на пораст на платите, на посебни дејности, но реформите во правосудството мора да ги завршат. Е, после тоа миже да ги почекат изборите во октомври догодина.

Ваквиот потег на ЕУ донесе ветер во грб на опозицијата. Е, сега, опозицијата може да излезе од Собранието. ОК. Затворете врата и завршете се' што требаше да завршите“, оценува Фрчковски.

Опозицијата може да има политички поени само ако Заев се покаже млитав. Тој треба приказната за жртва да ја остави во Брисел и да продолжи, што би рекле вмровците, како лав. Да се откаже од скапи преговарања. Да се откаже од системот кој не држеше како робови 11 години.

Владата треба да се фокусира на продолжување на европскиот пат. Да се насочи на тоа како главна работа. И тоа мора да го заврши во еден критичен период. Треба да се фокусира во едно оперативно дејствување на политиката, да се врати демократијата, која другите ја блокираат посакувајќи да се врати племенскиот систем на одлучување, каде што можат да најдат интерес проруските сили и други.

Изговорите за Македонија беа аутистични: „Македонија ќе ја преплавила Франција со бегалци“. Франција нема поим за состојбите во Македонија. Ниту Макрон, ниту францускиот амбасадор.

Фрчковски не се противеше на пакетот со Албанија за одлуката за почеток на преговори за влез во Европската Унија:
- „ Ние бевме во пакет со Хрватска, но ВМРО-ДПМНЕ не' врати назад. Е сега, ВМРОВците се наши. Ќе не' повлечат во подрум и после другите ќе ни' речат „Еве вашите ве однесоа назад во подрум“. Е па, наши се. Ќе ги траеме“, заклучи  професорот во емисијата „Коментар“.

Фрчковски на 24ТВ


Last modified on Петок, 18 Октомври 2019 - 21:58

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.