Светската турнеја на Мадона наречена „Madame X“ досега откажана е неколку пати на барање на нејзиниот доктор, а музичката дива е ставена на низа необични третмани со цел да ја повратат за настапите.
Иако нејзиниот дух можеби засекогаш ќе остане млад, сепак телото го трпи товарот од години.
Влегувајќи во када полна со мраз, Мадона, која сега има 61 година, направи болна гримаса за тоа што и се случува во моментот, додека нејзиното дваесет и петгодишно момче, танчарот Ахмалалик Вилијамс, внимателно ја следи седнат до неа.
Светската турнеја на Мадона во Америка и Европа, која ќе трае 93 дена, е извонреден напор за секој изведувач, а особено за некој кој има 61 година.
Турнејата ,,Мадам Х” започна во септември, проследена со низа откажани настапи. Досега има осум концерти што не се одржале , а биле прекинати на барање на лекарот бидејќи Мадона се борела со „голема болка“ и исцрпеност, и покрај низата третмани кои вклучуваат трансфузија на крв, ледени бањи и масажи.
Со богатство од 400 милиони фунти и над 300 милиони продадени албуми, кралицата на поп музиката не мора никому да се докажува. Сепак, станува збор за нејзината решеност дека концертите мора да продолжат, а не од желбата да заработи повеќе пари или да добие уште поголема слава, пренесува„ „Mirror“.
Пред да го откаже наредниот концерт, Мадона им порача на своите фанови: „Да се прави концерт секоја вечер ми носи толку многу радост што откажувањето го доживувам како вид казна. Болката што моментално ја чувствувам е преголема и треба да се одморам и да го послушам советот на лекарот за да можам да се вратам посилна и подобра. Иако настапите на Мадона досега биле организирани во огромни арени, овој пат концертите се изведуваат во театри каде сцената е поблиску до седиштата, со цел да се поврзе поп-sвездата со нејзината публика. На концертите, мобилните телефони не смеат да бидат вклучени за публиката да биде фокусирана на настаните на сцена и да уживаат во концертот, за кој издвоиле од 50 до 750 долари.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Реакција на Левица - Гевгелија
„Пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 11.718 евра за патни
Отворен ден: „Учи паметно, работи стручно“ во Гевгелија
Средношколскиот училишен центар „Јосиф осифовски“ вчера одржа презентација на
Уапсени 7 поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за продажба на плацеви на ЕВН
Седуммина поранешни функционери, но и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се
Традиционален “Дојран Гурман фест” во Дојран
Од дамнина дојранската трпеза важи за специфична и со зачувани традиционални
Приведен грчки државјанин на Богородица
Редовните полициски контроли и во време на засилени патнички посети на
Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на
Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм
ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија
Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов
Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран
Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане
Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран
На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од
Црквата „Св. Кирил и Методиј“ со богата програма за чествување на Сесловенските
Денот на браќата Кирил и Методиј, основоположниците на македонската и