Познатата холивудска актерка Џејми Ли Кертис објави фотографија на својот Инстаграм профил која ја израдува македонската јавност.
На фотографијата стои тегла со мед и украсна кутија со знакот на “Медена земја”, а во описот Џејми напишала:
„Изненадување. Директно од изворот. Атиџе ми остави тегла. Ветив „половина за мене, половина за нив“. Во случајот кои се тие „нив“? Најслаткиот подарок и најчистата приказна. Ако сe уште не сте го гледале „Медена земја“, одете!“, напиша таа под фотографијата со подарокот.
Холивудската актерка Џејми Ли Кертис беше еден од најгласните поддржувачи на нашата „Медена земја“.
Уште пред доделувањето на Оскарите, Кертис на своите профили на Инстаграм и на Твитер ги напиша впечатоците за документарниот филм „Медена земја“. Актерката беше воодушевена од филмот. „Колку совршен момент за овој филм. „Медена земја“ е зачудудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум“, напиша таа.
What a perfect film for this moment. #honeylandmovie @HoneylandDoc is staggering. Greed. Avarice. Family. Love. Honor. Nature. Perseverance. I am stunned by it. pic.twitter.com/PychSjojI5
— Jamie Lee Curtis (@jamieleecurtis) January 18, 2020
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Огграничен сообраќај за тешки товарни возила
Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,
Расте бројот на занаетчии во Гевгелија
Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во
Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на
До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,
СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“
Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија
Тепачкa во Дојран и Валандово
Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.
РКЕ: Струјата во просек поскапува за 7,4 % од 1 јули
Струјата поскапува за 7,4 отсто во просек за првите три блок тарифи. Ова е
Интервју: Со носителката на 7 круни за убавина, Ана Брзанова од Гевгелија
Долгоногата гевгеличанка, носителка на седум титули за убавина Ана Брзанова од
Трговците во туристичките места ќе работат и во недела
Собранието на РСМ ги усвои измените на Законот за трговија.
Делот кој се
Зголемена фреквенција на ГП „Богородица“
Прво лето без корона ограничувања во меѓуграничниот промет ја врати
Уапсен млад гевгеличанец
Агресивното однесување кон службено лице, полициски службеници при ОВР