Со само пет часови одобрен транзит на странските граѓани низ нашата земја, според уредбата на Владата, дозволен е нивен влез во Македонија и излез во текот на следните пет часа пропатување низ автопатот „Пријателство“ или, ако се упатени на другите гранични премини, Табановце, Деве Баир, Кафасан, Блаце, Аеродром Скопје.
Тоа значи дека проодноста на границите за странските туристи на пропатување до Грција, или, соседните Албанија и Бугарија нема да значат и отварање на транзитниот туризам, бидејќи патниците имаат време само за кратка пауза од патувањето, но не и ноќевање со престој.
Во Гевгелија, освен хотелиерите кои од почетокот на воведувањето на мерките против ширењето на короната се затворија за прием на гости, забрана за работа добија и угостителите, ноќевалиштата, но истото важи и за приватните издавачи на соби за едно преноќување на транзитните патници низ државата, кои одбрале да се одморат токму во нашиот град.
Уредно регистрирани во Општината се повеќе од 40 издавачи на соби за ноќевање, со над 300 легла на располагање.
Но, освен корона мерките, од отварањето на границите со Грција пречка стана и одлуката на грчките власти странските патници да ги примаат на влез во Грција само од граничен премин со земја членка на Европската Унија, (значи Бугарија). Српските медиуми објавија дека од 15 јуни Македонија ги отвара границите за транзит низ земјата и патниците поитаа на плажите кон Егејско море, каде туристичката сезона официјално започна на 15 јуни. Наместо премин од ГП „Евзони“ без објаснување ги вратија назад, со препорака дека можат да влезат во Грција само преку Бугарија.
И наместо уште само 70 километри до најблиската плажа на Егејот, странските патници мораа да се враќат од ГП „Богородица“ зошто на ГП „Евзони“ не ги пропуштаа (иако претходно беше така најавено, како почеток на туристичката сезона во Грција и добредојде за туристите), со препорака да влезат од граничен премин меѓу Бугарија и Грција. А, тоа значи дополнителен, непотребен и неподготвени за пат од уште 250 километри за веќе изморените патници од ГП „Евзони“ до преминот „Кулата“ во Бугарија.
Со ваквиот одлука на грчките власти, произлегува дека освен станоиздавачите на транзитни гости, нема да ќарат од транзитот на странски патници ниту ЈП „Македонски патишта“, а наплатните рампи ќе бидат олабавени од притисок и вообичаени летни гужви. Нема да се остварат ниту приходи од туристичка такса која изнесува 40 денари по лице за едно ноќевање, а приходите од оваа ставка се распоредуваат за Буџетот на РМ, така и во Буџетот на општина Гевгелија, што претставува позитивен тренд во рамките на локалниот економски развој.
Значи летово нема наплата на туристичка такса од странски ноќевалци, нема наплата на патарина на странски туристи, нема приходи од сместување на странски гости. Короно, не ли ти е доста нашава мака!?
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Невреме во Македонија – ЦУК повикува на внимателност
Попладнево силно невреме беше забележано во Oхридско и во Пелагонискиот регион.
Реакција на Левица - Гевгелија
„Пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 11.718 евра за патни
Отворен ден: „Учи паметно, работи стручно“ во Гевгелија
Средношколскиот училишен центар „Јосиф осифовски“ вчера одржа презентација на
Уапсени 7 поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за продажба на плацеви на ЕВН
Седуммина поранешни функционери, но и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се
Традиционален “Дојран Гурман фест” во Дојран
Од дамнина дојранската трпеза важи за специфична и со зачувани традиционални
Приведен грчки државјанин на Богородица
Редовните полициски контроли и во време на засилени патнички посети на
Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на
Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм
ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија
Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов
Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран
Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане
Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран
На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од